Захарија Шумљанска
Захарија Василева Шумљанска (15 мај 1864 во с. Могила, Битолско - 1937) — македонски просветен работник, добротвор од времето на македонската револуционерна борба. Завршила гимназија во Пловдив во 1885 г. Долгогодишна учителка е во Воден, Едрене, Скопје, Солун и др. Ја помага ослободителната борба на населението во Македонија. По Илинденското востание организира сиропиталишта за децата на настраданите дејци во востанието. По Балканските војни живее во Софија и активно се занимава со добротворна дејност. Умира во 1937 г.[1]
' | ||
Роден | Захарија Василева Шумљанска 15 мај 1864 Могила, Битолско | |
---|---|---|
Починал | 1937 Софија, Бугарија |
НаводиУреди
- ↑ Софиска Народна библиотека „Св. Св. Кирил и Методиј“, белешки: к. 42, а.е.66, л. 33-50.
Оваа биографска статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |