Затворен семеен круг (филм)

„Затворен семеен круг“ (италијански: Gruppo di famiglia in un interno) - италијански филм од 1974 година, во режија на Лукино Висконти по сценариото на Енрико Медиоли и Сусо Чеки Д'Амико. Главните улоги ги толкуваат: Берт Ланкастер, Клаудија Кардинале, Силвана Мањано и Хелмут Бергер. Насловот на филмот се однесува на неформалните групни портрети, особено на оние сликани во Британија на почетокот од 18 век. Филмот ги истражува темите како што се: сударот меѓу старото и новото, неизбежноста на смртта, егзистенцијалната криза и генерацискиот јаз. Филмот бил добитник на наградата „Nastro d'Argento“ на Италијанскиот национален синдикат на филмски новинари, и тоа во категориите за најдобар филм, најдобар режисер, најдобар снимател (Пасквалино Де Сантис), најдобра глумица-дебитантка (Мањано), најдобар продуцент и најдобар продукциски дизајн (Марио Гарбуља), најдобар странски глумец (Ланкастер) и најдобар странски филм.[1]

Синопсис уреди

Еден пензиониран професор (го игра Ланкастер) води осаменички живот. Меѓутоа, тој се соочува со современиот свет, кога група вулгарни млади луѓе, под водство на иритантната маркиза (ја игра Мањано) се доселуваат во ноговата здграда...

Наводи уреди