Запознајте го Џон Доу
„Запознајтe го Џoн Доу“ (англиски: Meet John Doe) — американски филм од 1941 година, во режија на Раул Волш. Главните улоги ги толкуваат: Гари Купер, Барбара Стенвик и Едвард Арнолд.
Синопсис
уредиНовинарката Ен Мичел (ја игра Стенвик) добива отказ, а за да ја задржи работата, таа добива идеја да го фалсификува писмото на измислениот лик, невработениот Џона Доу, кој се заканува дека ќе изврши самоубиство во знак на протест против општествената неправда. Откако писмото предизвикува голем одек, новинската куќа е принудена пак да ја вработи Ен, но исто така и Џон Вилоуби (го игра Купер), кој треба да се претставува како Џон Доу. Ен и нејзините шефови немилосрдно ја искористуваат приказната за Џон Доу која им носи голема заработка. Популарноста на Џон Доу расте уште повеќе, откако тој држи говор кој се пренесува на радио. Постепено, философијата на т.н. Џон Доу започнува да се шири низ целата држава и луѓето почнуваат спонтано да формираат клубови кои се наречени по него. Тогаш, богатиот издавач Нортон (го игра Арнолд) го сфаќа големиот потенцијал на тие клубови и сака да ги искористи за своите политички амбиции. Тој сака да основа политичка партија со чија помош ќе стане претседател, а во тоа му помага и Ен, која е поткупена од него. Меѓутоа, Џон дознава за тајниот план и на стадионот, каде се собрани илјадници негови поддржувачи, ја разоткрива измамата, но Нортон успева не само да ја спречи неговата намера, туку и да го претстави како измамник пред присутните луѓе, кои разочарано го напуштаат собирот. На Бадник, Вилобу сака да изврши самоубиство така што ќе скокне од една зграда, а таму пристигнуваат Ен, Нортон и неговите луѓе, но и неколку приврзаници на Џон Доу. Ен го моли Џон да не се убива, а приврзаниците го охрабруваат, велејќи дека повторно ќе ги организираат клубовите.[1]
Наводи
уредиОваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |