Замок Скалигер (Сирмионе)
Замокот Скалигер во Сирмионе претставува тврдина од времето на ерата на Скалигер. Тој претставува пристапна точка до историскиот центар на туристичката атракција Сирмионе. Замокот е еден од најкомплетните и најдобро зачуваните замоци во цела Италија,[1] и воедно претставува редок пример на објект кој е добро утврден, обезбеден и зачуван од страна на водената површина.
Во 2014 година замокот во Сирмионе бил на дваесет и седмата најпосетувана државна локација во Италија, со точно 224.498 посетители и вкупно остварен бруто приход од 555.768 евра.[2]
Од месец декември 2014 година, Министерството за културно наследство и дејности и туризам управува со замокот, преку Музејскиот комплекс Ломбардија, кој во декември 2019 година се претвори во Регионална музејска дирекција.
Опис
уредиЗамокот од сите страни е опкружен со водите на езерото Гарда, а на една од страните, веднаш по изградбата на замокот, било изградено пристаниште, кое некогаш во минатото претставувало засолниште за флотата Скалигер.
Бедемите и трите масивни главни кули се одликуваат со брановидни опашки кои ја разликуваат секоја зграда на замокот Скалигер, зад овие три кули се појавува импозантната кула- чувар,[3][4] висока 47 метри. Во просторот на кулата во нејзините ѕидини порано во минатото постоеле ќелии кои биле наменети за затворениците.[5]
Некогаш до тврдината можело да се пристапи и од делот надвор од населениот простор односно преку селото преку неколку подвижни мостови, додека денес во замокот може да се влезе единствено само од страната на селото без да може да се користат некогашните мостови. Влезот е овозможен преку врати, опремени со ефективни системи за затворање, преку кои се навлегува во големиот трем. Преку тремот се стигнува до скалило кое води до подвижен мост.[6] Оттука пак преку искачување со 146 чекори, можете да стигнете до патеките сместени на ѕидовите,[1] од кои пак може да се набљудува пристаништето. Пристаништето го бранат кули кои, сепак, за разлика од оние кули во замокот, не се одликуваат со прегради познати како прегради од гулаб, туку со основна структура позната таканаречена врв на копје. Во изградбата на ѕидовите и кулите, може да се забележи употребата на тули и камења донесени од околните области, кои означуваат различен период на градба. Од едната страна на пристаништето постои надворешен ров (насип) кој се спушта директно во езерото.[7]
Историја
уредиИзградбата на тврдината започнала околу средината на 13 век,[6] веројатно врз остатоци од едно римско утврдување. Неговата изградба ја наредил градоначалникот на Верона, Леонардино дела Скала, попознат во тоа време како Мастино дела Скала. Функцијата на замокот била пред сѐ одбранбена, но и контрола на пристаништето, бидејќи градот Сирмионе, кој се наоѓал во тоа време во гранична област, бил изложен на чести агресивни дејствија.[4]
Околу еден век подоцна, на замокот биле додадени два нови дворови и едно независно утврдување, споени со дел наречен барбикан (барикада), за да се зголеми одбранбеноста на тврдината. Во 1405 година Сирмионе како град преминал под контрола на Република Венеција при што веднаш се започнала со главната работа, а тоа била зајакнување на одбранбените структури и позиции. Токму во тој период бил изграден и докот кој постои и е видлив и денес. Дотогаш постоел скалигерски док, но веројатно изграден од дрво. Сирмионе како град го задржал својот примат како една од одбранбените станици до 16 век. Во тој период од политички причини била модернизирана тврдината наречена Пешиера дел Гарда.
Музеј
уредиВнатре во големиот внатрешен трем на замокот е поставен римски средновековен лапидариум,[6] како и кратка изложба во која на неколку панели се прикажани најважните информации за тврдината. Може исто така да се пристапи и до пешачките патеки на ѕидините преку неодамна обновените дрвени скали. Преку патеките на ѕидовите може да се стигне до таканаречената кула-чувар, или највисоката кула во состав на тврдината.
Замокот како значајна културна придобивка
уредиВо 1980 година, Италијанската пошта му посветила на замокот таксена марка со вредност од 600 лири, која била дел од колекцијата позната како „Замоци на Италија“.
Легенда
уредиОваа легенда раскажува за едно момче по име Ебенгардо и неговата сакана девојка по име Арис. Двајцата млади поминале мирен живот, додека нивната љубов не била прекината со еден трагичен настан. За време на една немирна ноќ, Елалберто, инаку венецијански витез со потекло од областа Фелтре, побарал засолниште во замокот. Момчето и девојката го примиле витезот и го угостиле. Гостинот бил воодушевен од убавината на девојката и една вечер насилно влегол во нејзината соба. Девојката Арис започнала да вреска бидејќи била исплашена. Елалберто на можел да ја замолчи и со неколку избоди ја убил девојката. Во меѓувреме, Ебенгардо дотрчал во собата каде што го нашол безживотното тело на Арис, па, заслепен од бес, ја земал камата (голем нож) и го убил Елалберто.[4]
Легендата вели дека и денес, во немирните ноќи, душата на Ебенгардо може да се види како талка низ ѕидините на замокот во потрага по љубената Арис.[4]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „lakegardasee.com - Il castello di Sirmione“.
- ↑ Ministero dei Beni e delle Attività Culturali, „Visitatori e introiti dei musei“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-05-08. Посетено на 2023-03-12.
- ↑ „nunzioghiraldi.it - I dintorni, il castello scaligero“. Архивирано од изворникот на 2011-07-16. Посетено на 2023-03-12.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 „article-marketing.biz - Il Castello Scaligero di Sirmione“. Архивирано од изворникот на 2011-11-17. Посетено на 2023-03-12.
- ↑ „medioevoitalia.com - Castello di Sirmione“. Архивирано од изворникот на 2015-05-09. Посетено на 2023-03-12.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Contino, Castello di Sirmione & Perogalli .
- ↑ „medioevo.org - La rocca di Sirmione“.
Други проекти
уредиПовеќе за Замок Скалигер (Сирмионе) на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
- Wikimedia Commons contiene immagini o altri file sul castello scaligero di Sirmione