Загорка Миќиќ (српски: Загорка Мићић; Обреновац, Србија 17 октомври 1903Белград, 27 јули 1982) — југословенски и македонски доктор по филозофија и универзитетски професор[1].

Животопис

уреди

Миќиќ е родена во Обреновац, Србија на 17 октомври 1903 година. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Белград. Филозофското образование го продолжила во Берлин и Фрајбург кај прочуениот филозоф Едмунд Хусерл, каде што ја изработила докторската дисертација. Докторирала на Филозофскиот факултет во Белград во 1934 година. На Институтот за филозофија во Скопје работела од 1954 до 1972 година, кога заминала во пензија. Ги предавала предметите логика и историја на филозофијата[2].

Библиографија

уреди
  • Феноменологијата на Едмунд Хусерл (Феноменологија Едмунда Хусерла), Белград, 1937;
  • Германска класична филозофија, Скопје, 1958;
  • Увод во логиката, Скопје, 1961;
  • Современите граѓански филозофи за марксизмот, Скопје, 1976.

Наводи

уреди
  1. Филозофски факултет 1946–1976, Скопје, 1976, 72-73
  2. З. Мићић, Феноменологија Едмунда Хусерла, Пред. Еуген Финк, Нови Сад, 1988