Зоолошка градина Битола

(Пренасочено од ЗОО Битола)

Зоолошка градина Битолазоолошка градина во градот Битола, основана на 1 мај 1950 г. со помош на зоолошките градини од Скопје, Загреб, Белград и Суботица.

Зоолошка градина Битола
Влезот на зоолошката градина
Карта
Отворена1950
МестоБитола, Македонија
Координати41°00′52″N 21°20′29″E / 41.01444° СГШ; 21.34139° ИГД / 41.01444; 21.34139
Бр. на животни200
Бр. на видови40
Мреж. местоzoobitola.mk

Зоолошката градина во Битола има значајно место во сферата на општественото живеење, посебно во делот на образование на населението и заштита на одредени животински видови. Уште од своето основање во 1950, зоолошката константно ги подобрува условите за животните со цел да ги исполни европските стандарди, но тие сè уште не се исполнети. Во текот на 2004 година, вработените во Зоолошката градина во Битола започнале низa активности насочени кон подобрување на условите за живот на животните, како и афирмирање на образовниот карактер на градината.

Локација

уреди

Битолската зоолошка градина е сместена во прекрасна природа на падините на Тумбе Кафе и заради одликите на својот терен, градината има оригинален и нетипичен „ридско-планински” изглед.

Зоолошката има вкупна површина од околу 2 хектари, бројка што според модерните светски стандарди ја сместува во категоријата на мали зоолошки градини.

Реконструкција

уреди

Една од најголемите промени во целокупното работење на зоолошката градина во Битола се случи во текот на 2011 година. Имено, за првпат во историјата на работењето на оваа институција беше изработена техничка документација за нејзина комплетна реконструкција. Со ова, во суштина беше започнат процес кој целосно ќе го промени ликот на оваа институција. Техничката документација предвидува нови 26 живеалишта и останата комплементарна инфраструктура: образовен центар, пешачки патеки, видиковец, детски парк, ресторан, сервисна зона.

Истата година, Зоолошката градина Битола поднесе апликација за членство во Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми. Благодарение на претходно преземените активности, на последната седница на Советот на ЕАЗА одржана на 26 април 2012 во Минхен, Германија со консензус беше донесена одлука на зоолошката градина во Битола да ѝ се додели статус „Зоолошка градина – кандидат за член во фаза на реконструкција”. Во 2014 година со средства од ИПА фондовите беа изградени 9 нови објекти кои ги исполнуваат стандардите на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми, беа изградени живеалишта за лисицата и ракунот, мечката, рисот, тигрите, лавовите, фарма, нилскиот коњ, мајмуните и беше изграден нов влез и билетарница [1].

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди
  1. http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=35562[мртва врска]