Жил Жанен
Габриел-Жил Жанен (француски: Gabriel-Jules Janin), (Сент Етјен, 16 февруари 1804[1] – Париз, 19 јуни 1874) – француски писател и драмски критичар.
Жил Жанен Jules Janin | |
---|---|
Жил Жанен | |
Роден/а | 16 февруари 1804 Сент Етјен, Франција |
Починат/а | 19 јуни 1874 Париз, Франција | (возр. 70)
Занимање | писател и критичар |
Националност | француска |
Период | XIX век |
Животопис
уредиКако син на адвокат, Жанен добива добро образование, најпрво во својот роден град, потоа во гимназија во Париз. Рано почнал да се занимава со новинарство и работи за „Париска ревија“, „Ревија на два света“, „Фигаро“ и „Котидјен“. Тој е еден од основачите на „Париска ревија“ и „Детски весник“. Во 1827 година станал познат со романот „Мртвото магаре и гилотираната жена“ (L’Âne mort et la femme guillotinée). „Исповед“ (La Confession) во 1830 година, не толку длабок, но со уште позабележителен стил, и „Барнав“ (Barnave) во 1831 година, каде ја напаѓа фамилијата Орлеанови, ја воспоставуваат неговата репутација.
Во меѓувреме се вработува како критичар во „Журнал де деба“ (Journal des Débats), каде останува четириесет години. Неговиот авторитет му го носи прекарот „принц на критичарите“.
После бројни обиди, на 7 април 1870 година, избран е во Француската академија каде го зел местото на Шарл Огистен Сент-Бев.
Во 1874 година, Александр Пједањел (неговиот секретар) издал книга за Жил Жанен со библиографија.
Жанен го посетувал замокот Сент Обен, сопственост на родителите на неговата жена, во близина на Гајон.
Погребан е на гробиштата Евре.
Наводи
уреди- ↑ Неговиот извод од матичната книга на родените може да се види на Archives départementales de la Loire, датиран „дваесет и осмиот ден на пливиоз дванаесетта година на Републиката“ што значи дека е роден на 16 февруари 1804 година. Разни извори даваат различни податоци, на пример семрежното место на Француската академија наведува дека е роден на 4 декември 1804 година
Надворешни врски
уреди„Жил Жанен“ на Ризницата ? |
Викиизвор има оригинални дела од или за: Жил Жанен |
- Биографски белешки на Француската академија
- Дела на семрежното место на проектот Гутенберг
- Текстови Архивирано на 11 ноември 2016 г. во електронската библиотека Лизје. Погледајте и:
- Discours de réception à la porte de l’Académie française Архивирано на 11 ноември 2016 г. (1865).
- Manifeste de la jeune littérature : Réponse à M. Nisard Архивирано на 2 ноември 2016 г..
- Talma et Lekain Архивирано на 11 ноември 2016 г. (1826).
- Frédérick Lemaître aux Folies-Dramatiques Архивирано на 4 декември 2009 г. (1835).
- Mlle Mars et Mme Dorval[мртва врска] (1835).
- Le marchand de Chiens Архивирано на 11 ноември 2016 г. (1832).
- L’amour des livres Архивирано на 20 мај 2013 г. (1866).
- La dévote Архивирано на 11 ноември 2016 г. (1841).
- Le bas-bleu (1842).
- Онлајн текстови на Миселане, хетерогена библиотека:
- Mme de Maintenon et Ninon de Lenclos.
- Nina, la folle par amour (1827).
- Modes (1828).
- Le vieux garçon (1829).
- Autrefois marchande de modes (1834).
- Phrénologie (1834).