Коса (орудие)

земјоделска алатка

Коса – земјоделско орудие за косење трева направено во облик на долго свиено сечиво и прицврстено на долга дрвена дршка[1]. Покрај за трева, косата се користела и за косење житарки. Настанала во античко време и долго била најважната алатка за косење. Во текот на милениумите добивала најразлични облици.

Коса

Коса за косење треваУреди

Косата за косење трева се обликувала во склад со потребите. На косачот му е потребна поинаква коса на рамна ливада отколку на стрма падина, поинаква за детелина отколку за висока трева со јаки стебла. Должината на косата е меѓу 40 и 120 сантиметри и зафаќа извесен агол во однос на косиштето. Колку што е косата подолга, толку аголот е помал.

КосидбаУреди

Пред воведувањето на механизацијата, косењето на поголеми површини се организирала косидба[2], при што биле ангажирани повеќе косачи (на припомош или аргати) за работата да се заврши побрзо.

Со воведувањето на механизацијата (употреба на косилка и балирка) за косење на трева, драстична е смалена потребата од човечки труд, и смалено е времето за извршување на оваа активност.

ГалеријаУреди


НаводиУреди

  1. „Коса“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „Косидба“ — Дигитален речник на македонскиот јазик