Жена со вага

слика на Јан Вермер

Жена со вага или Жена која вага злато (холандски: Vrouw met weegschaal) – славна слика која ја насликал барокниот сликар Јоханес Вермер од 1662 до 1663 година.

Жена со вага
холандски: Vrouw met weegschaal
Творец Јоханес Вермер
Година 1662–1663
Димензии 42,5 см × 38 см
Место Национална уметничка галерија, Вашингтон

Од нешто помалку од 40 платна кои со сигурност му се припишуваат на Вермер, повеќето прикажуваат смирени сцени во ентериер, со ниски тонови на боите, со асиметрична но снажна геометриска композиција. Вермер успеал да го оствари својот израз низ јасно архитектонско обликување на просторот во кој секој предмет има своја улога во значењето и рамнотежата на композицијата. Благото светло кое продира низ прозорецот често има дава цврстина на фигурите и предметите во просторијата. Сите емоции се обуздани додека Вермер ја повикува смиреноста на медитацијата. Дури и потезите со четка се така контролирани така што стануваат скоро невидливи, освен кога ја слика рефлексијата на светлото со ситни дамки боја.

На сликата „Жена со вага“, совршената рамнотежа содава монументална композиција во моментот на врвно спокојство. Безвремената сцена на „светот на мртвата природа“, која како да е замрзната со магија [1]. Млада трудна жена, облечена во раскошна, но секојдневна облека, задлабочена е во мислите над празната вага барајќи од нас да се замислиме за самиот чин на вагање и проценување. Порано се мислело дека трагите светло на тасовите на вагата претставуваат бисери, но со научна анализа било потврдено дека тасовите се празни [1]. Нејзината рака и вагате се наоѓаат во средиштето на сликата, но веднаш над неа, на ѕидот на просторијата, виси голема слика на „Последниот суд“ на која Христос суди и ги вага душите. Моментот на тивката интроспекција на жената пред допирање на златото или бисерите исто така го повикува мотивот на ванитас, минливоста на животот, дозволувајќи му на сликарот да го коментира непостојаниот квалитет на материјалните добра[2].

Понатаму, овој момент може да биде поврзан со грижата на бремената жена за нејзината душа и иднината на нејзиното неродено дете. Исто така, оваа слика е сведоштво за верата на уметникот. Имено, Вермер бил католик кој живеел во претежно протестантската Холандија, каде неговата религија била официјално забранета, иако се толерирало неговото практикување во приватноста на домот.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Janson's History of Art, Pearson Education Ltd., 2007., New Jersey, str. 728. ISBN 0-13-193455-4
  2. Marilyn Stockstad, Art History vol. 2, Pearson Education Ltd., 2005., New Jersey, str. 776. ISBN 0-13-145527-13 Параметарска грешка во {{ISBN}}: Неважечки ISBN.

Надворешни врски уреди

  • Carroll, Jane Louise; Alison G. Stewart (December 2003). Saints, Sinners, and Sisters: Gender and Northern Art in Medieval and Early Modern Europe. Ashgate Publishing, Ltd. ISBN 978-0-7546-0589-8.
  • Huerta, Robert D. (2005). Vermeer and Plato: Painting the Ideal. Bucknell University Press. ISBN 978-0-8387-5606-5.
  • Kenner, T. A. (October 2006). Symbols and Their Hidden Meanings: The Mysterious Significance and Forgotten Origins of Signs and Symbols in the Modern World. Thunder's Mouth Press. ISBN 978-1-56025-949-7.[мртва врска]
  • Montias, John Michael (1 January 1991). Vermeer and His Milieu: A Web of Social History. Princeton University Press. ISBN 978-0-691-00289-7.