Желад
Желад — плод на дабот или буката кој обично содржи по една семка (ретко по две) затворена во мошне цврста кожеста лушпа, прицврстена со чашичка. Се движат од 1 до 6 см во должина и 0,8–4 cm во ширина. Узреваат за 6 до 24 месеци, зависно од видот.. Кога станува збор за бука, желадот поточно се нарекува буклинка.[1]
Улога во екологијата
уредиЖеладот игра важна улога во шумската екологија во дабовите шуми.[2]
Постојат разни животни што зависат од желадите за издршка. Од птиците, со нив се хранат сојките, гулабите, некои видови патки и неколку вида на клукајдрвци. Меѓу малите цицачи, највеќе желади јадат глувците, вервериците и некоку други глодачи.
Големи кочичества на желади јадат и крупните диви животни како дивата свиња, мечката и еленот. Во случајот на еленот, тие можат да сочинуваат до 25% од неговата исхрана во зима.[3] Во Шпанија, Португалија и дел од Англија домашните свињи се пуштаат во природа за да се најадат желади и со тоа подобро да се згојат.
Ларвите на некои молци и чурилкарите се хранат со млади желади.[4]
Желадот е богат со разни состојки корисни за животните. Точниот состав зависи од видот, но сите содржат големи количества на белковини, јаглехидрати и масти, како и калциум, фосфор и калиум и витамин Б3.[5] Меѓу другото, содржи и горчлив танин и затоа животните ги претпочитаат оние видови со поблаги желади како белиот даб.
Во човековата исхрана
уредиКако храна желадот е мошне ретко застапен, освен во кујната на северноамериканските индијанци и извесни јадења во Кореја.[6][7]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ буклинка — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Plumb, Timothy R., уред. (1980). Proceedings of the symposium on the ecology, management, and utilization of California oaks, June 26–28 (PDF). USDA Forest Service General Technical Report PSW-044. стр. 1 to 368. ASIN B000PMY1P8.
- ↑ "Mammals of California Oak Habitats-Management Implications", Reginald H. Barrett, author, Plumb, Timothy R., уред. (1980). Proceedings of the symposium on the ecology, management, and utilization of California oaks, June 26–28 (PDF). USDA Forest Service General Technical Report PSW-044. стр. 276–291.
- ↑ Brown, Leland R. (1979) Insects Feeding on California Oak Treesin Proceedings of the Symposium on Multiple-Use Management of California's Hardwood Resources, Timothy Plum and Norman Pillsbury (eds.).
- ↑ Хранлива вредност на желадовото брашно (англиски)
- ↑ Домородни прехранбени култури и традиционални рецепти — NativeTech (англиски)
- ↑ Желадите во готварството (англиски)
Надворешни врски
уреди„Желади“ на Ризницата ? |
- Есенски прирачник за оревести плодови — Mother Earth News (англиски)