Жан Филип де Шезо

швајцарски астроном
(Пренасочено од Жан Филип Лоа де Шезо)

Жан Филип Лоа де Шезо (француски: Jean-Philippe Loys de Chéseaux; 4 мај 171830 ноември 1751) — истакнат швајцарски астроном од Лозана. Во 1746 г. претставил список на маглини (од кои осум сопствени откритија) на собир на Француската академија на науките, објавен за пошироката јавност дури во 1892 г. од Гијом Бигурдан. Шезо бил меѓу првите што го поставил тврдењето за конечноста на вселената, подоцна познат како Олберсов парадокс, кој вели дека ако вселената бескрајна, ноќното небо би било светло.

Портрет на Шезо

Шезо открил две комети[1]

Помалку позната е неговата работа на полето на библискиот времеслед, во обид точно да го утврди денот на Христовото распнување според астрономските набљудувања во старозаветната книга „Даниил“. Ова дело е објавено посмртно во неговите спомени (Mémoires posthumes de M. de Cheseaux, 1754).

Наводи

уреди
  1. „Maik Meyer. Catalog of comet discoveries“. Архивирано од изворникот на July 16, 2008. Посетено на 2008-05-15.

Надворешни врски

уреди