Жан Пол
Жан Пол (роден Јохан Пол Фридрих Рихтер; 21 март 1763 - 14 ноември 1825) — германски романтичар, најпознат по неговите хумористични романи и приказни. Од 1793 година го користел книжевниот псевдоним Жан Пол. Сите романи кои ги создал во тој период наишле на голем одзив на публиката и на позитивни критики. Најамбициозниот роман „Титан“ го објавил во 1801-02. За делата на Жан Пол карактеристична е неправилната структура, фантазијата, љубовта спрема природата, религиозноста и емотивноста. Рихтер во Вајмар се спријателил со Хердер, но не успеал да се приближи во кругот на Гете и Шилер кои го презирале неговиот пристап кон книжвеноста. Од 1804 година со сопругата живеел среќен и мирен живот во Бајројт.
Јохан Пол Фридрих Рихтер | |
---|---|
Портрет на Жан Пол од страна на Хенрих Пфенингер (1798) | |
Роден/а | Јохан Пол Фридрих Рихтер 21 март 1763 Вунзидел, Свето Римско Царство |
Починат/а | 14 ноември 1825 Бајројт, Германски Сојуз | (возр. 62)
Псевдоним | Жан Пол |
Занимање | романописец |
Националност | германец |
Апсолвент на | Универзитет во Лајпциг |
Период | 1783–1825 |
Жанр | хумористични романи и приказни |
Предмет | образование, политика |
Книжевно движење | романтизам |
Значајни награди | Универзитет во Хејделберг (1817) |
Надворешни врски
уреди- Дела од Jean Paul на проектот „Гутенберг“ (англиски)
- Дела од или за Жан Пол на Семрежниот архив (германски)
„Жан Пол“ на Ризницата ? |