Елбрус

(Пренасочено од Ељбрус)

Елбрус или Ељбрус (руски: Эльбрус; карачајско-балкарски: Минги тау) — заспан вулкан во западниот дел на планинскиот венец Кавказ во Кабардино-Балкарија и Карачаево-Черкесија, Русија, близу границата со Грузија. Врвот на Елбрус е највисок во Кавказ и во Русија, а според некои мислења и во Европа.[5] или највисока во западна Азија, за малку надминувајќи ги венците Демавенд и Алборз во Иран. Елбрус (западниот врв) — висок 5.642 м; а источниот е малку понизок, со височина од 5.621 м.

Елбрус
Поглед на Елбрус од север
Највисока точка
Надм. вис.5642 м [1]
Истакнатост4741 м X
Заведена какоседум врвови, седум вулкански врвови, највисок во земјата, ултра
Географија
Елбрус на карта

Карта

МестоРусија, на границата Европа-Азија
Матичен венецКавказ
ТопокартаЕлбрус и Горната Баксанска Долина[2][3]
Геологија
Старост на карпатанепозната
Видстратовулкан (заспан)
Последен избув50 г. ± 50 години[4]
Искачување
Прво освојување(западен врв) 1874, од Ф.К. Гроув, Ф. Гарднер, Х. Вокер, П. Кнубел и водичот А. Сотаев
(понизок врв) 22 јули 1829 од Х. Хачиров
Најлесен патобично искачување по снег/мраз

Потекло на поимот

уреди

Името „Елбрус“ е метатеза на Алборз,[6] кое пак доаѓа од легендарната планина Хара Березајти во иранската митологија.[6]

Географија

уреди

Елбрус е сместен 20 км северно од главниот венец Голем Кавказ и 65 км југоисточно од рускиот град Кисловодск. Нејзината ледена покривка се преточува во 22 ледници, кои пак потоа се одлеваат во реките Баксан, Кубањ и Малка.[7]

Елбрус е сместен на тектонско подрачје во движење и се смета дека е поврзан со расед. Длабоко под заспаниот вулкан лежи магма.[8]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. The World Book Encyclopedia—Page 317 by World Book, Inc
  2. Примерок на карта на Елбрус
  3. Mount Elbrus and Upper Baksan Valley Map and Guide (Map) (II. изд.). 1:50,000 with mountaineering information. EWP Map Guides. Картографија: EWP. EWP. 2007. ISBN 978-0-906227-95-4.
  4. „Елбрус: Краток преглед“. Програм за глобален вулканизам. Смитсонова установа. Архивирано од изворникот на 2013-02-17. Посетено на 25 февруари 2010. (англиски)
  5. Географско биро. „Подрачјето на Елбрус“. Архивирано од изворникот на 2009-12-12. Посетено на 5 јануари 2010. (англиски)
  6. 6,0 6,1 Encyclopædia Iranica, "Alborz", W. Eilers“. Архивирано од изворникот на 2007-05-27. Посетено на 2012-11-25.
  7. Caucasus from Elbrus to Kazbek (Map) (1st. изд.). 1:200,000 with general information. Map Guides. Картографија: EWP. Robin Collomb and Andrew Wielochowski. 1993. ISBN 906227-54-2 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help).
  8. „Observations of crustal tide strains in the Elbrus area“. Izvestiya Physics of the Solid Earth. MAIK Nauka. 43 (11): 922–930. November 2007. Bibcode:2007IzPSE..43..922M. doi:10.1134/S106935130711002X. Посетено на February 25, 2010.[мртва врска]
  • Anthony Huxley, Standard Encyclopedia of the World's Mountains (New York: Putnam, 1962)
 
Елбрус 3D

Надворешни врски

уреди