Росула (Дворци)

археолошко наоѓалиште во Македонија
(Пренасочено од Еѓупски Куќишта (Дворци))
Росула

Карта

Местоположба 41°27′52″N 21°5′34″E / 41.46444° СГШ; 21.09278° ИГД / 41.46444; 21.09278
Основни податоци
Место Дворци
Општина Пласница
Тип

 населба


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Росула или Еѓупски Куќиштаархеолошко наоѓалиште во кичевското село Дворци. Претставува доцноантичка населба. Се наоѓа на источната страна од селото, каде се протега низок рид кој завршува до Голема Река. На врвот од ридот, на кој имало лозја и зафаќа површина од 200 × 100 м, се среќаваат многу фрагменти од покривни ќерамиди, а наместа и фрагменти од керамички садови и питоси.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069