Ефтим Спасов
Ефтим (Евтим) Спасов — македонски зограф и иконописец, припадник Дебарската школа и зографскиот род Ангелковци.[1]
Ефтим Спасов | |
---|---|
Роден(а) | Гари, Дебарско |
Националност | Македонец |
Занимање | зограф, иконописец |
Познат(а) по | цркви |
Значајни дела | во текстот |
Родители | Спасе Петров (татко) |
Роднини | Браќа:
|
Животопис
уредиРоден е во мијачкото село Гари, Дебарско, во родот Ангелковци. Работел заедно со татко му Спасе во втората половина на XIX век.[2] Првите познати дела на Спасов се во црквата „Св. Никола“ во Беловодица, каде изработил многу икони. Иконата на Богородица (92 х 63 см) е потпишана: „Из руки го Ефтим Спасовичъ Зографъ от Гари 1885“.[1]
Во 1890 г. ги насликал фреските во црквата „Св. Никола“ во прилепското село Загорани. Таму на зографски натпис се потпишал: „Изруки Евтимъ Спасевичъ одеборско окружїе село Гари: на: 1890: месец июні“.[3]
Дело на Ефтим Спасов е икона на Светите Седмочисленици (40,4 х 32 см) од „Св. Власиј“ во струшкото село Ложани. Иконата има натпис: „Стыи 7-численикы, С. Прпд. Гораздъ, С. Наумъ Охридски, С. Кирилъ Солунски, С. Климент Ѡхридски, С. Меθодии Солунски, С. Ангеларіи Гармански, С. Сава Охридски“. На долната рамка е датирана со боја 1896 и потпишана со остар предмет „Икона писа Евтимиа Спасевъ отъ Гари Деборско“. Негова икона (52 х 34 см) на светите браќа Кирил и Методиј има во црквата „Св. Никола“ во Вевчани, исто така во Струшко. На неа солунските браќа се претставени во вообичаената поза до престол покриен со чаршаф, на кој има неколку дебели книги, мастилница и чаша. Во горниот дел на иконата, над густите облаци е прикажан Исус Христос како благословува. На долната рамка стои потпис „Иконописецъ Евтимиа Спасевъ отъ с. Гари Деборско 1899“.[1]
Ефтим Спасов заедно со неговите братучеди Ѓорѓи и Димитар Андонов ја насликал црквата „Вознесение Христово“ во Долнени.[4] Во 1910 г. тројцата ја живописале црквата „Св. Троица“ во Ропотово.[5]
Галерија
уреди-
Крштение Господово, фреска од „Св. Константин и Елена“, Загорани
-
Св. Константин и Елена, фреска од „Св. Константин и Елена“, Загорани
-
Ктиторскиот натпис од „Св. Константин и Елена“, Загорани
Родословие
уредиАнгелко | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Петар Ангелков | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спасе Петров | Андон Петров | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ефтим Спасов | Димитар Андонов (1856 - 1934) | Ѓорѓи Андонов (1862 - 1933) | Нестор Андонов (1866 - 1926) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Крсте Ефтимов | Ангелко Ефтимов | Илија Димитров | Темелко Димитров | Борис Димитров | Андон Георгиев (1896 - ?) | Петко Георгиев | Јордан Георгиев | Богомил Георгиев | Блажо Георгиев | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спасе Крстев | Петар Крстев | Тома Крстев | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Словенските просветители Kирил и Mетодиј во делата на македонските иконописци од XIX век. – Во: Симпозиум 1100-годишнина од смртта на Кирил Солунски. II, 23-25 мај 1969, Радмила Угринова-Скаловска (главен уредник). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 1970. стр. 57.
- ↑ Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: „Наука и изкуство“. стр. 241.
- ↑ „Црква „Свети Константин и Елена", село Загорани“. Old Prilep. Архивирано од изворникот на 5 март 2018. Посетено на 30 декември 2021.
- ↑ „Црква „Вознесение Христово", село Долнени“. Old Prilep. Архивирано од изворникот на 5 март 2018. Посетено на 30 декември 2021.
- ↑ „Црква „Света Троица", село Ропотово“. Old Prilep. Архивирано од изворникот на 8 јули 2017. Посетено на 30 декември 2021.