Црква „Св. Никола“ - Беловодица
Свети Никола — црква во селото Беловодица.[1] Сместена е во југоисточниот дел од селото, на височина која и овозможува доминантна положба во однос на остатокот од селото.
Свети Никола
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Плетварско-беловодичка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°20′08.1″N 21°42′16.1″E / 41.335583° СГШ; 21.704472° ИГД |
Место | Беловодица |
Општина | Прилеп |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Завршено | 1885 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиЦрквата била изградена и живописана во 1885 година.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата претставува трикорабен храм со полукружна апсида на источната страна која е украсена со пет слепи ниши. Црквата содржи галерија на кат која се наоѓа во западниот дел.[2] Влезот е од западната страна и над него има ниша со фреска на која е насликан Свети Никола.
Многу од иконите во црквата се дело на мајсторот Ефтим Спасов. Иконата на Богородица со димензии 92 × 63 см е потпишана со натписот „Из руки го Ефтим Спасовичъ Зографъ от Гари 1885“.[3]
Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата е сместена непосредно пред влезот на црквата од десната страна. Таа има квадратна основа и се состои од два дела, од кои горниот има незначително помала основа. Обата дела имаат по еден залачен отвор на секоја страна.
Галерија
уреди-
Западната страна на црквата
-
Апсидата на црквата
-
Камбанаријата
-
Селските гробишта
-
Помошен објект во дворот на црквата
-
Фреска на Богородица Ширшаја
-
Фреска на Христос Седржителот
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 20. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 „Црква „Свети Никола“, село Беловодица“. OldPrilep. 17 април 2012.
- ↑ Словенските просветители Кирил и Mетодиј во делата на македонските иконописци од XIX век. – В: Симпозиум 1100-годишнина од смртта на Кирил Солунски. II, 23-25 мај 1969, Радмила Угринова-Скаловска (главен уредник). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 1970. стр. 57.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Никола“ - Беловодица на Ризницата ?