Ефимиј Цариградски

Ефимиј Цариградски (починал 515) — вселенски патријарх (490 — 496). Теофан го нарекува Етимиј.[1][2] Пред неговото назначување, Ефемиј бил презвитер во Цариград, раководител на болница за сиромашните во Неапол, отсуство на евтихијански склоности и опишуван како образована и многу доблесна личност.[2]

Акакијанската шизма

уреди

Во 482 година, царот Зенон објавил указ наречен Хенотикон, кој забранувал во тогашните теолошки расправи да се употребува друг критериуми освен оние донесени од соборите од првиот вселенски собор и вториот вселенски собор (занемарувајќи ги указите на четвртиот вселенски собор), внимателно избегнувајќи го спомнувањето на Христовата двојна природа, и со употреба на недосрочени мисли кои требало да ги задоволат монофизитите. И покрај неговите напори, Хеноктиконот сепак не успеал да ги задоволи спротивставените страни: монофизитите не го сакале подеднакво како и католиците. Сепак, истиот бил потпишан од Акакиј во Цариград, Петар Пелтекот Патријарх Александриски и Петар Валавничарот Патријарх Антиохиски. Папата Феликс III свикал римски синод во 484 година на кој присуствувале 67 епископи кој го осудиле имераторскиот указ, и истовремено ги смениле и исклучиле Акакиј, Петар Пелтекот и Петар Валавничарот. Акакиј возвратил со отстранување на името на папата од неговите диптиси и ги гонел универзалците во Цариград. Кога починал, патријархот Фравита, кој бил негов наследник, побарал признавање од страна на Рим, но залудно, бидејќи не сакал да се откаже од заедништвото со Петар Пелтекот.[1]

Ефимиј веднаш го признал четвртиот вселенски сабор, го вратил името на папата во неговите диптиси, и се оддалечил од Петар Пелтекот, кој починал во октомври во годината кога Ефимиј бил прогласен за патријарх (490).[2] Со овие свои постапки, ја покажал желбата да го намали јазот со Рим.[1] За жал, сепак одбивал да ги отстрани имињата на неговите двајца претходници (Акакиј и Фравита) од диптисите, каде се споменувале како верници.[2] Папата Феликс настојувал кривоверците и поддржувачите на кривоверците да не бидат јавно споменувани во молитви, Ефимиј повторно се обидел да направи помирување Папата Геласиј I, но проблемот продолжил да опстојува, едноставно Ефимиј не можел да ги отстрани нивните имиња од диптисите без да предизвика посрамување и навредување на сите оние кои биле крстени или пак исповедани од неговите претходници.[1] Геласиј дозволил во други случаи во кои би го објавил својот избор, но забележал дека обичајот постои само меѓу патријарси кои се обединети во заедница, и не би се применувал за оние кои, налик на Ефимиј, претпочитале чудна унија со онаа на Св. Петар. Како израз на добра волја Геласиј одобрил канонско покритие за сите оние кои биле крстени или пак исповедани од страна на Акакиј.[2]

Теодорих Велики станал мајстор на господар на Италија, и во 493 година ги испратил Фауст и Иринеј да склучи мир со царот Анастасиј I. За време на заседанието во Цариград пратениците добиле жалби од грците за римската црква, кои биле пренесени на папата. Ефимиј тврдел дека осудата на Акакиј само од еден прелат била неважечка, за да се екскомуницира жител на Цариград потребно било да се свика сеопшт собор.[3]

Патријарх и цар

уреди

Пред стапувањето на власт на царот Анастасиј I, Ефимиј го приморал да потпише вероисповед[4] за да падне во немилост кај царот. Како што се одвивала Изауријската војна, Ефимиј бил обвинет за предавство поради откривањето на царските планови на непријателите. Војник, кој или по наредба на царот или пак за да ја добие неговата склоност, го извлекол својот меч кон Ефимиј на вратата од ризницата, но бил убиен од страна на заштитник. Царот понатамошно ја посакал назад потпишаната вероисповед, која Ефимиј одбил да ја врати, па Анастасиј ги собрал епископите кои биле присутни во главниот град и изнел обвиненија за нивниот патријарх, кој бил последователно екскумунициран и сменет во (496). Народот одбивал да го предаде, но подлегнал пред силата на царот.[1][2]

Во меѓувреме Ефимиј, плашејќи се за својот живот, побарал засолниште во крстилницата, и одбивал да излезе сè додека Македониј II Цариградски не му ветил дека царот дал збор дека нема да биде повреден за време на спорведувањето на неговиот прогон. Sinclair 1911 Со соодветно чувство на почит за достоинството на неговиот претходник, Македониј побарал од присуниот ѓакон да ја слече својата новодобиен палиум и се облекол самиот како обичен презвитер, неосмелувајќи се да го носи неговиот знак пред канонскиот сопственик. По кус разговор, Македониј (кого ќе го снајде истата судбина) му предал заем за неговите потреби. Ефимиј бил изгонет во Мала Азија и починал во 515 година во Анкира. До самиот крај бил познат како правичен патријарх од неговите следбеници на истокот меѓу кои бил и Илија Ерусалимски Патријарх Ерусалимски, и патријархот Флавија II Антиохиски.[1][2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Fortescue 1909.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Sinclair 1911.
  3. Sinclair 1911 cites Vict. Tun. Chron. viii. 16
  4. Fortescue 1909 cites Evagrius Scholasticus, H.E., III, xxxii.
Доделено право
  •   Оваа статија содржи текст од дело сега во јавна сопственостFortescue, Adrian (1909). „Euphemius of Constantinople“. Во Herbermann, Charles (уред.). Catholic Encyclopedia. 5. Robert Appleton Company.CS1-одржување: ref=harv (link)
  •   Оваа статија вклучува текст од дело денес во јавна сопственостSinclair, W. M. (1911). „Euphemius, patriarch of Constantinople“ . Во Wace, Henry; Piercy, William C. (уред.). Dictionary of Christian Biography and Literature to the End of the Sixth Century (third. изд.). London: John Murray.CS1-одржување: ref=harv (link)
Духовни титули
Претходник
Фравита
Цариградски патријарси
489–495
Наследник
Македониј II