Македониј II Цариградски
Македониј II Цариградски (починал 517 година) — цариградски патријарх (495–511). За начинот на избор Погледајте Ефимиј Цариградски
Животопис
уредиВо период од една или две години (датумот не е познат) тој свикал собор, на кој со запис биле потврдени одлуките од четвртиот вселенски собор. Во 507 година Илија, Ерусалимски Патријарх, кој не сакал да го подржи менувањето на Ефимиј, кој бил во сојуз со Македониј. Имераторот Анастасиј ги употребил сите средства за да го обврзе Македониј да се сврти против одлуките од четвртиот вселенски собор, но овие ласкања и закани не дале резултат. Убиец со име Евкол бил најмен да го убие. Патријархот го избегнал овој обид, и наредил одредена сума на добра да му се дава на овој криминалец. Жителите на Цариград застанале зад одлуките на четвртиот вселенски собор, и тоа повеќепати, до точка на кревање на бунт. За да ги спречи овие непосакувани последици, Анастасиј наредил префектот на градот да ги следи сите собранија и да присуствува на сите собирања на црквата.[1]
Во 510 година Анастасиј започнал нов обид. Македониј немало да прави ништо без дозвола од вселенскиот собор со кој ќе раководи римскиот епископ. Анастасиј, налутен од неговиот одговор, и вознемирен од одлуката на Македониј да не го ослободи од неговиот завет кој го дал при неговото крунисување за зачувување на верата во црквата и почитување на авторитетот на четвртиот вселенски сабор, се обидел да го замени. Тој испратил евтихијски монаси и свештенство, и понекогаш управителите на градот изнесувале јавни навреди. Ова предизвикало бес меѓу граѓаните што царот бил приморан да се повлече во палатата и имал подготвено бродови за бегство доколку се пројавела таква потреба. Тој го повикал Македониј на разговор. Македониј отишол и ги изнел страданијата предизвикани врз црквата. Анастасиј покажал подготвеност да ги прифати барањата, но и истовремено се обидел и по третпат да ја разниша вербата на патријархот.[1]
Еден од неговите послушници бил Ксениј, евтихијски епископ. Тој барал од Македониј да потпише написмено декларација за вероисповедта, Македониј испратил меморандум до царот во кој велел дека не знае за друга вера од онаа на отците на Никеја и Цариград, со што ги анатемизирал Несториј и Евтихиј и сите оние кои почитувале два сина или двајца Исуси, или кој ги делеле двете верувања. Ксениј, согледувајќи го неуспехот на својот прв обид, нашол две личности кои го обвиниле Македониј за гнасно злодело, како негови соучесници. Подоцна истите го обвиниле за несторијанство, и со лажиран пасус во писмо на Павле, во кое стоела поддршка на сектата. Најпосле царот заповедал да му се донесат оригиналните копии од одлуките на четвртиот вселенскиот собор потпишан од самите епископи. Македониј одбил, и го сокрил под олтарот на големата црква. По ова Анастасиј наредил да се однесе во ноќта во Халкидон, за подоцна да биде пренесен во Евкаита во Понт, местото за прогон на неговиот претходник. Во 515 година Папата Хормизд се залагал за повторно поставување на Македониј, за кого сметал дека е неправедно сменет, станува збор за ставка од мировниот договор меѓу бунотвничкиот генерал Виталијан, роднина на Македониј, и царот Анастасиј дека сите патријарси и сите заменети епископи да бидат поставени повторно на своите места. Но Анастасиј никогаш не ги почитувал своите ветувања, по што Македониј починал во прогон. Неговата смрт настапила во 517 година во Гангра, каде се повлекол поради стравот од хуните, кој ја пустошеле Кападокија, Галатија, и Понт.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Piercy 1911.
- Attribution
- Оваа статија вклучува текст од дело денес во јавна сопственост: Wace, Henry; Piercy, William C., уред. (1911). . Dictionary of Christian Biography and Literature to the End of the Sixth Century (third. изд.). London: John Murray.CS1-одржување: ref=harv (link) cites
- Evagrius Scholasticus III. xxxi. xxxii. in ib. 2661
- Liberat. vii. in ib. 982
- Mansi, viii. 186, 198
- Theodoret. Lect. ii. 573-578, in Patr. Gk. lxxxvi.
- Theophanes Chronicle 120-123, 128, 130, 132
- Victor of Tonnenna Chronicle, in Patrologia Latina lxviii. 948
Духовни титули | ||
---|---|---|
Претходник Ефимиј |
Цариградски патријарх 495–511 |
Наследник Тимотеј I |