Ефекти од глобалното затоплување
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Ефекти од глобално затоплување
Ефектите од глобално затоплување се еколошките и социјалните промени предизвикани од зголемувањето на глобалните температури. Постои научен консензус дека постојат климатски промени и дека активностите на човекот се основниот управувач. Помеѓу доказите за климатската промена спаѓаат записи од инструментални мерења на температурата, зголемување на нивото на морињата и намалена снежна покривка на северната полутопка. Според Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC), поголемиот дел од забележаното зголемување на просечната глобална температура од средината на 20 век е многу веројатно поради забележаното зголемување на емисии на стакленички гасови концентрации предизвикани од човекот. Предвидувањата за идните климатски промени укажуваат на натамошно глобалното затоплување, пораст на морското ниво, како и зголемување на зачестеноста на некои екстремни временски појави. Страните на Рамковната Конвенција на Обединетите Нации за климатски промени (UNFCCC), се согласија околу спроведувањето политики за намалување на емисиите на стакленичките гасови со цел да се избегнат опасните климатски промени.
Дефиниции
уредиВо оваа статија „климатска промена”значи промена на климата што трае во текот на еден временски период. Според Светската метеоролошка организација овој период е со времетраење од 30 години. Меѓу примерите за климатски промени спаѓаат зголемување на глобалната температура на површината (глобално затоплување), промени во падот на врнежите, како и промени во зачестеноста на екстремните временски појави. Промените на климата може да се должат на природните појави, на пример промени во изгревањето на сонцето, или како резултат на човечките активности, како на пример менување на составот на атмосферата. Секоја промена на климата поттикната од човекот ќе дејствува против „позадината” на природните климатски варијации. Исто така, терминот „ антропогени влијанија” се однесува на влијанието што го вршат луѓето врз живеалиште или хемиска средина, што е спротивно на природниот процес.
Физички влијанија
уредиШирок спектар на докази покажуваат дека климатскиот систем е загреан. Докази за глобалното затоплување се прикажани во дијаграмите од десната страна. Некои од графиконите покажуваат позитивно движење, на пример, зголемување на температурата над земјата и океанот и зголемување на нивото на морето. Други пак графикони покажуваат негативно движење, на пример, намалување на снежната покривка на северната полутопка и опаѓањето на волуменот на арктичкиот мраз. Исто така постои очигледен доказ, постои и кај биoлошките системи. Активностите на човекот придонесоа во голем број од забележаните промени во климата. Овој придонес главно е остварен преку согорувањето на фосилни горива, кое доведе до зголемување на концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата. Уште едно влијание на човрекот врз климата се емисиите на сулфур диоксид, кои се предвесник за формирање на сулфат аеросоли во атмосферата. Затоплувањето, коешто е предизвикано од страна на човекот може потенцијално да доведе до опсежни, неочекувани и/ или непоправливи влијанија врз физичките системи. Пример за ова е топењето на ледниците кое доведува до зголемување на морското ниво. Веројатноста од затоплување којаашто има непредвидливи последици, се зголемува со стапката, размерите и траењето на климатските промени.
Региони
уредиВлијанијата на глобалното затоплување врз регионите, се разликуваат по својата природа, некои од нив се резултат на генерализираните глобални промени, како што се зголемување на температурата, коешто резултира со локални влијанија, како што е топењето на мразот. Во други случаи, промената може да е резултат на промената во одредена океанска струја или временски систем. Во такви случаи, влијанието врз регионите може да биде несразмерно и не мора да го следи општиот правец. Постојат три начини на кои глобалното затоплување ќе влијае врз промената на регионалната клима: топење или формирање на мраз, промена на хидролошкиот циклус на испарување и врнежи, промена на океанските струи и воздушните струи во атмосферата. Брегот, исто така, може да се смета за регион којшто ќе претрпи сериозни влијанија од порастот на морското ниво.
Забележани влијанија
уредиСо многу голема сигурност, Rosenzweig et al. (2007), заклучи дека неодамнешните климатски промени, особено зголемувањето на регионалната температура ги погоди физичките и биолошките системи во сите континенти и во повеќето океани.Влијанијата се манифестираат со порано цутење на дрвја и растенија во многу региони, движење на видовите кон повисока географска широчина и височина на северната полутопка,промени во преселбата на птиците во Европа, Северна Америка и Австралиија, како и преместувањето на планктонот и рибите чие живеалиште е океанот, од ладно на топли прилагодливи заедници. Човечкото влијание врз климата може да се забележи во географскиот приказ за набљудуваното затоплување, со поголемо зголемување на температурата над земјата и во поларните региони за разлика од океаните. Со користење на модели, можно е да се идентификуваат човечкиот ,,сигнал" за глобалното затоплување и на земјата и на океанот.
Предвидени ефекти
уредиПрогнозите за идните климатски промени на регионално ниво, не се толку веродостојни како оние направени на глобално ниво. Меѓутоа, се очекува дека идното затоплување ќе се одвива според онаа претходно прикажана географска шема, со најголемо затоплување над земјата и на високите северни геогрфски ширини, а најмало над Јужниот Океан и делови од северниот Атлантски Океан. Многу е веројатно дека речиси сите копнени површини ќе се загреат повеќе од глобалниот просек . Арктикот, Африка, мали острови и азиските огромни делти, се региони кои најверојатно ќе бидат особено погодени од климатските промени. Негативните ефекти од климатските промени се очекува да ги погодат несразмерно земјите коишто се во развој. Во други области, дури и во оние со високи примања, некои луѓе можат да бидат изложени на ризикот од климатските промени, како што се сиромашните, млади деца и постарите.
Општествени системи
уредиВлијанието на климатските промени може да се поврзе со термините „чувствителност” и „ранливост”. ,,Чувствителност” е степенот до кој климатската промена и/или климатска варијабилност, можат да имаат позитивно или негативно влијание врз одреден систем или сектор. ,,Ранливост” е степенот до кој климатските промени можат да имаат неповолно влијание врз одреден систем или сектор. Чувствителноста на човечкото општество кон климатските промени варира. Помеѓу секторите кои се осетливи на климатските промени се вбројуваат водните ресурси, крајбрежните зони, населби и здравјето на луѓето. А пак индустрии коишто се осетливи на климатските промени се:земјоделство, риболов, шумарство, енергетика, градежништво, осигурување,финансиски услуги, туризам и рекреација.
Снабдување со храна
уредиКако резултат на влијанието на зголемениот CO2 во атмосферата, промена во начинот на врнежи и во начинот на испарување, зголемена зачестеност на екстремни појави, како и изменет плевел, штетници и патоген притисок.Општо земено, кај областите кои се наоѓаат на помала географска ширина постои поголем ризик да се намалат приходите од бербата. За сега, ефектите од регионалните климатски промени врз земјоделството се релативно ограничени.Промените во фенологијата на земјоделските култури даваат важни докази коишто ќе послужат како одговор на неодамнешните регионални климатски промени.Фенологијата ги проучува природните појави коишто се повторуваат периодично и како тие феномени се одразуваат на климата и сезонските промени. Во големи делови на северната полутопка, се забележува значителен напредок во фенологијата на земјоделството и шумарството.
Прогнозирања
уредиSchneider et al. (2007), не многу сигурно, но предвидува зголемување на глобалната средна температура за околу 1 °C до 3 °C (до 2090-2100 година во однос на температурата во 1990-2000 година), продуктивноста на некои житни култури ќе се намали во областите кои се наоѓаат на помала географска ширина, за разлика од продуктивноста во области кои се наоѓаат на поголема географска ширина. Со умерена доверба, предвидува потенцијалот за глобално производство:
- да се зголеми до околу 3 °C,
- многу веројатно да се намали од околу 3 °C.
Голем број на критични фактори, меѓу кои и промените прикажани преку екстремни појави, или ширењето на штетници и болести,не се вметнати во поголемиот дел од проучувањата за светско земјоделство, коишто се оценувани од страна на Schneider et al. (2007). Проучувањата исто така не го земаа предвид развојот на одредени практики или технологии за да се потпомогне во приспособување на климатските проме.
Здравје
уредиЛуѓето се изложени на климатските промени со менување на временските услови (температура, врнежи, зголемување на морското ниво и се почестите екстремни појави) и индиректно преку промени на водата, воздухот и квалитетот на храната и промени во екосистемите, земјоделството, индустријата и населби како и економијата (Confalonieri et al., 2007:393). Според проценката во научната литература на Confalonieri et al. (2007:393), ефектите од климатските промени до денес беа мали, но се очекува постепено да се зголемат во сите земји и региони. Студија спроведена од страна на Светската здравствена организација (СЗО, 2009), го процени ефектот на климатските промени врз здравјето на луѓето. Не сите ефекти од климатските промени беа вклучени во нивните проценки, на пример, ефектите од почести и екстремни невремиња не беа вметнати. Беше проценето дека како резултат на климатските промени, кај 3% заболени од дијареја, 3% заболени од маларија, а 3,8% заболени од денга треска во светот во 2004 година, настапила смрт. Од вкупниот број на смртни случаи во 2004 година, околу 0,2% се должи на климатските промени, од овие, 85% биле смртни случаи кај деца.
Предвидувања
уредиАвторите на извештајот на ИПЦЦ АР4 Синтезис, со голема сигурност предвидуваат дека умерените области ќе имаат некои придобивки од климатските промени, како што се помалку смртни случаи предизвикани од изложеноста на студот и некои мешани ефекти, меѓу кои промените во движењето и преносот на евентуална маларија во Африка.Се предвидува дека придобивките особено во земјите во развој, ќе ги надминат негативни здравствени ефекти од зголемувањето на температури. Confalonieri et al. (2007) со многу голема сигурност заклучи дека, економскиот развој е важна компонента за можно прилагодување на климатските промени. Сепак, економскиот раст сам по себе не беше оценет како доволен за изолирање на населението во светот од болести и повреди што се должат на климатските промени. Во иднина ранливоста од климатските промени ќе зависи не само од степенот на општествени и економски промени, но, исто така и од тоа како придобивките и трошоците од тие промени се распределени во општеството. На пример, брзата урбанизација во Западна Европа во 19 век, доведе до драстично опаѓање на здравствениот статус кај населението. Други важни фактори во одредувањето на здравствениот статус на населението се образование, достапност на здравствените услуги, и јавно-здравствена инфраструктура.