Ерта Кит
Ерта Меј Кит (англ. Eartha Mae Kitt; родена како Eartha Mae Keith; 17 јануари 1927 – 25 декември 2008) ― американска пејачка и глумица. Била позната по нејзиниот специфичен стил на пеење и по песните од 1953 година „C'est si bon“ и „Santa Baby“. Во 1967 година ја играла улогата на жена-мачка во третата и последна сезона од серијата „Бетмен“.
Ерта Кит | |
---|---|
Ерта Кит во 1957 | |
Роден(а) | Ерта Меј Кит 17 јануари 1927 Норт, Јужна Каролина, САД[1][2] |
Починал(а) | 25 декември 2008 (возр. 81) Вестон, Конектикат, САД |
Занимање |
|
Активен период | 1942–2008 |
Сопружник | Џон Мекдоналд (в. 1960; раз. 1964) |
Деца | 1 Музичка кариера |
Жанрови | |
Издавачи |
|
Страница earthakitt.com |
Нејзината кариера во САД била привремено прекината во 1968 година по нејзиниот говор против војната во Виетнам, кој го одржала како дел од свечениот ручек во Белата куќа. Десет години подоцна, успешно се вратила на Бродвеј во 1978 година во оригиналната продукција на мјузиклот Тимбукту!, изведба која ѝ ја донела првата од нејзините две номинации за наградата Тони. Втората номинација за „Тони“ ја добила во 2000 година за улогата во мјузиклот „Дивата забава“.
Кит допрела до помладата публика со нејзините гласовни улоги на негативците Изма и Вексус во филмовите „Царевиот нов грув“ и „Мојот живот како тинејџерски робот“, а за првиот филм ги добила нејзините први две Еми-награди за серија во дневен термин. Во 2010 година, Кит постхумно освоила уште една Еми-награда за гостувањето во Чудесни миленичиња!.
Ран живот
уредиЕрта Меј Кит била родена на 17 јануари 1927 година[3][4] во гратчето Норт во Јужна Каролина.[3][5] Нејзината мајка, Ени Меј Кит (подоцна Ени Меј Рајли), имала чироки и африканско потекло. Иако речиси ништо не знаела за нејзиниот татко, било објавено дека тој бил син на сопственикот на плантажата каде што била родена и дека Кит била зачната со силување.[4][6][7]
Нејзината мајка почнала да живее со црнец кој одбил да ја прифати Ерта поради нејзиниот релативно блед тен. Кит била одгледана од нејзина роднина по име Тетка Роза, каде што била малтретирана. По смртта на Ени Меј, Ерта била испратена да живее кај друга блиска роднина по име Меми Кит (за која Ерта мислела дека е нејзина биолошка мајка) во Харлем во Њујорк,[4] каде што Ерта учела во средното стручно училиште „Метрополитен“ (подоцна преименувана во Висока школа за изведувачки уметности).[8]
Кариера
уредиЕрта Кит кариерата ја започнала во 1943 година како член на трупата на Кетрин Данам, чиј член била до 1948 година. Таа била талентирана пејачка со препознатлив глас и снимила многу хитови: „Let's Do It“, „Champagne Taste“, „C'est si bon“, „Just an Old Fashioned Girl“, „Monotonous“, „Je cherche un homme“, „Love For Sale“, „I'd Rather Be Burned as a Witch“ и нејзиниот најпрепознатлив хит „Santa Baby“, кој бил објавен во 1953 година. Уникатниот стил на Кит бил подобрен откако почнала течно да зборува француски јазик по неколку години поминати на настапи во Европа. Кит зборувала четири јазици, а пеела песни на 11 јазици.[9]
Врвови во кариерата
уредиВо 1950 година, Орсон Велс на Ерта ѝ ја доделил главната улога како Елена од Троја во неговата претстава Доктор Фауст. Две години подоцна, Кит била избрана во музичаката ревијата Нови лица од 1952. Во 1954 година, 20th Century Fox дистрибуирала независно снимена верзија на ревијата под наслов Нови лица, во која Кит ги извела песните „Monotonous“, „Uska Dara“, „C'est si bon“,[10] и „Santa Baby“. Нејзини други филмови во 1950-тите биле: Знакот на јастребот (1957), Сент Луис Блуз (1958) и Ана Лукаста (1958).
Во 1967 година, Кит ја добила улогата на Жена-мачка во ТВ-серијата Бетмен, откако претходно Џули Њумар ја напуштила серијата.
Во 1956 година, Кит објавила автобиографија под наслов Четврточно дете (англ. Thursday's Child), чие име подоцна ќе послужи како инспирација за името на песната од Дејвид Боуви од 1999 година „Thursday's Child“.[11][12]
„Инцидентот во Белата куќа“
уредиНа 18 јануари 1968 година[13][14] за време на администрацијата на Линдон Џонсон, Кит се соочила значителен професионален неуспех откако дала антивоена изјава за време на ручекот во Белата куќа.[15][16] Кит била прашана од првата дама Бирд Џонсон за мислење за војната во Виетнам. Таа одговорила: „Вие го испраќате најдоброто од оваа земја да биде стрелано и осакатено. Не е ни чудо што децата се бунтуваат и земаат марихуана“.[9]
По забелешките на Кит, наводно, г-ѓа Џонсон почнала да плаче.[6] Општоприфатено е мислењето[17] дека кариерата на Кит во САД била завршена по нејзините коментари за Виетнамската војна,[18] по што од ЦИА била означена како „садистичка нимфоманка“.[19] Досието на ЦИА за Кит било откриено од Сејмур Херш во 1975 година. Херш објавил статија за досието во Њујорк Тајмс.[20] Досието содржело коментари за сексуалниот живот и семејната историја на Кит, придружени со негативни мислења за неа кои ги имале нејзините поранешни колеги. По инцидентот, Кит својата енергија ја насочила на настапи во Европа и во Азија.[21]
Бродвеј
уредиВо 1970-тите, Кит неколкупати се појавила во естрадно шоу на Би-Би-Си, Старите добри денови. Кит се вратила во Њујорк со Бродвејската претстава Тимбукту! (верзија на повеќегодишниот Кисмет, сместен во Африка) во 1978 година. Кит била номинирана за наградата Тони за најдобра глумица во мјузикл за нејзината изведба. Во доцните 1990-ти, Кит ја глумела Злобната вештерка од Западот во претставата „Волшебникот од Оз“. Во 2000 година, повторно се вратила на Бродвеј во краткотрајната претстава „Дивата забава“ од Мајкл Џон Лачиуса. Кон крајот на 2000 година, се појавила во улогата на кумата на самовилите во мјузиклот Пепелашка. Во 2003 година, ја заменила Чита Ривера во претставата Девет. Кит ја репризирала нејзината улога како кума на самовилите во Пепелашка на претстава одржана во Линколн Центарот за време на Божиќ во 2004 година.[22] Од октомври до почетокот на декември 2006 година, Кит глумела во мјузиклот Мими ле Дак.
Гласовни улоги
уредиВо 1978 година, Кит го позајмила гласот за телевизиска реклама за албумот Аја од рок-групата Steely Dan. Во 1988 година, имала гласовна улога во Виетнам по пожарот, британски документарец за последиците од Виетнамската војна врз виетнамскиот народ и ефектите од бомбардирањата врз обработливото земјиште и шумите 13 години по завршувањето на војната.[23] Една од понеобичните улоги на Кит била улогата на Каа во адаптацијата на „Книга за џунглата“ на Радио Би-би-си во 1994 година. Во 1998 година, го позајмила гласот на Бахира во Дизниевиот филм Книга за џунглата: приказната на Могли. Кит, исто така, го позајмила нејзиниот препознатлив глас на Изма во The Emperor's New Groove (за кој ја освоил нејзината прва награда Ени) и ја повторила нејзината улога во Kronk's New Groove и The Emperor's New School, за кои Кит освоила две Еми награди и уште две Ени-награди. Од 2002 до 2006 година, таа исто така го позајмила гласот на негативецот Вексус во серијата од Никелодеон Мојот живот како тинејџерски робот.
Смрт
уредиКит починала од рак на дебелото црево на 25 декември 2008 година во нејзиниот дом во Вестон, Конектикат; имала 81 година.[5][24][25]
Дискографија
уреди- Студиски албуми
- RCA Victor Presents Eartha Kitt (1953)
- That Bad Eartha (1954)
- Down to Eartha (1955)
- That Bad Eartha (1956)
- Thursday's Child (1957)
- St. Louis Blues (1958)
- The Fabulous Eartha (1959)
- Revisited (1960)
- Bad But Beautiful (1962)
- The Romantic Eartha (1962)
- Love for Sale (1965)
- Canta en Castellano (1965)
- Sentimental Eartha (1970)
- I Love Men (1984)
- I'm Still Here (1989)
- Thinking Jazz (1991)
- Back in Business (1994)
Библиографија
уреди- Четврточно дете (1956)
- Сама со мене: Нова автобиографија (1976)
- Сè уште сум тука: Исповеди од Секс-маче (1989)
- Подмладете се!: Никогаш не е доцна (2001)
Наводи
уреди- ↑ "Obituary: Eartha Kitt"Архивирано на 19 април 2016 г.. The Guardian. Dec 26 2008. Retrieved April 23, 2024.
- ↑ "Eartha Kitt dies at 81; TV’s Catwoman, sultry singer of ‘Santa Baby’" Архивирано на 28 декември 2014 г.. Lon Angeles Times. Dec 26 2008. Retrieved April 23, 2024.
- ↑ 3,0 3,1 Jack, Adrian (December 17, 2008). „Obituary: Eartha Kitt“. The Guardian. Посетено на June 17, 2018.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 „Eartha Kitt: Singer who rose from poverty to captivate audiences around the world with her purring voice“. The Telegraph. December 26, 2008. Архивирано од изворникот на January 11, 2022. Посетено на December 14, 2014. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „telegraph“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ 5,0 5,1 „Singer-actress Eartha Kitt dies at 81“. MSNBC. December 26, 2008. Архивирано од изворникот на January 12, 2018. Посетено на May 14, 2013. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „death-ap“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ 6,0 6,1 Sandra Hale Schulman (February 26, 2009). „Eartha Kitt, Chanteuse, Cherokee, and a seducer of audiences, Walked On at 81“. Indian Country News. Архивирано од изворникот на August 3, 2013. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „indiancountry“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Weil, Martin (December 26, 2008). „Bewitching Entertainer Eartha Kitt, 81“. The Washington Post. стр. B05.
- ↑ „Singer, Broadway Star Eartha Kitt Dies“. December 25, 2008. Посетено на September 3, 2019.
- ↑ 9,0 9,1 Hoerburger, Rob (December 25, 2008). „Eartha Kitt, a Seducer of Audiences, Dies at 81“. The New York Times. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „seducer“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Hall, Phil (January 4, 2001). „New Faces“. Film Threat.
- ↑ Kitt, Eartha (November 25, 1956). „Thursday's child“. New York, Duell, Sloan and Pearce.
- ↑ Kielty, Martin (November 29, 2020). „Does David Bowie Biopic 'Stardust' Benefit From Being Unofficial?“. Ultimate Classic Rock.
- ↑ Brown, DeNeen L. (January 19, 2018). „'Sex kitten' vs. Lady Bird: The day Eartha Kitt attacked the Vietnam War at the White House“. Washington Post. Посетено на 10 April 2023.
- ↑ Buck, Stephanie (March 13, 2017). „The black actress who made Lady Bird Johnson cry; The truth hurts“. Medium. Архивирано од изворникот на May 31, 2017. Посетено на January 12, 2018.
- ↑ Amorosi, A. D. (February 27, 1997). „Eartha Kitt“. Philadelphia City Paper. Архивирано од изворникот на January 6, 2009.
- ↑ James, Frank (December 26, 2008). „Eartha Kitt versus the LBJs“. The Swamp. Архивирано од изворникот на January 14, 2009.
- ↑ Beschloss, Michael. „Eartha Kitt also played "Catwoman" in "Batman" (1966-1968)--met LBJ and later told Lady Bird Johnson at this January 1968 White House lunch“. Twitter (англиски). Посетено на 10 April 2023.
Eartha Kitt also played “Catwoman” in “Batman” (1966-1968)--met LBJ and later told Lady Bird Johnson at this January 1968 White House lunch, "I have a baby and then you send him off to war. No wonder the kids rebel and take pot”—generating a backlash against her career:
- ↑ Kerr, Euan (January 27, 2006). „Eartha Kitt is so much more than Catwoman“. Minnesota Public Radio. Посетено на 10 April 2023.
interview with Eartha Kitt
- ↑ Luck, Adam (2013-10-19). „Eartha Kitt's life was scarred by her failure to learn the identity of her White father, says daughter“. The Observer (англиски). ISSN 0029-7712. Посетено на 2023-04-29.
- ↑ Hersh, Seymour (January 3, 1975). „CIA gave Secret Service a Report containing Gossip about Eartha Kitt after a White House Incident“. The New York Times.
- ↑ „Eartha Kitt“. Britannica.com (англиски). Посетено на 10 April 2023.
- ↑ Davis, Peter G. (November 22, 2004). „Sweeps Week“. New York. Посетено на 2023-08-09.
- ↑ Vietnam after the fire / an Acacia Production for Channel Four; produced and directed by J. Edward Milner., Healey Library, University of Massachusetts Boston, Посетено на January 4, 2023
- ↑ Wilson, Christopher (December 26, 2008). „Seductive singer Eartha Kitt dies at 81“. Reuters.
- ↑ „Actress Eartha Kitt, 81, Dies at Her Weston Home“. Westport Now. December 25, 2008.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Ерта Кит на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Eartha Kitt at the TCM Movie Database
- Eartha Kitt at the Internet Broadway Database
- Eartha Kitt at the Internet Off-Broadway Database
- Eartha Kitt at The Interviews: An Oral History of Television
- Eartha Kitt at TV Guide
- Image of Eartha Kitt with her fiance Bill McDonald recovering stolen items at a pawnshop in Los Angeles, California, 1960. Los Angeles Times Photographic Archive (Collection 1429). UCLA Library Special Collections, Charles E. Young Research Library, University of California, Los Angeles.