Ерса (месечина)

месечина на Јупитер

Ерса (или Јупитер LXXI, првично: S/2018 J 1) — надворешна месечина на Јупитер. Откриена е од американскиот астроном Скот Шепард и неговата екипа на 11 мај 2018 г. и објавена на 17 јули истата година преку службениот распис на Центарот за мали планети.[2] Пречникот на телото изнесува околу 3 км, а оној на орбитата е 11.483.000 км; има орбитален наклон од 30,61°.[3] Член е на Хималиината група на тела.

Ерса
Слика на Ерса од февруари 2003 г.
Откривање
ОткривачСкот Шепард и др.
Откриено11 мај 2018
Ознаки
Наречена по
Ерса
S/2018 J 1
Орбитални особености [1]
11.483.000 км
Занесеност0,094
+252,0 days
356,6°
Наклон30,61°
93,3°
346,7°
Месечина наЈупитер
Физички особености
Среден пречник
3 км
22,9

Месечината го добила името во 2019 г. според Ерса, старогрчка божица на росата, ќерка на Зевс и Селена; месечината Херса (Јупитер L) е исто така наречена по оваа божица.[4] Името е изгласано на конкурс приреден од Карнегиевиот институт на Твитер, при што добар дел од гласачите биле ученици од разни земји.[5][6]

Наводи

уреди
  1. S.S. Sheppard (2019), Moons of Jupiter, Carnegie Science
  2. „MPEC 2018-O18 : S/2018 J 1“. Minor Planet Center. International Astronomical Union. Посетено на 17 јули 2018.
  3. Sheppard, Scott S. „JupiterMoons“. carnegiescience.edu. Посетено на 18 јули 2018.
  4. https://planetarynames.wr.usgs.gov/Page/Planets
  5. „Naming Contest for Newly-discovered Moons of Jupiter“. www.iau.org. Посетено на 27 август 2019.
  6. „Public Contest Successfully Finds Names For Jupiter's New Moons“. www.iau.org. Посетено на 27 август 2019.