Ерменска митологија
Ерменската митологија започнува со почетоците на Урарту, постепено додавајќи ги идеите и божествата на месопотамската, иранската, и грчката митологија.[1][2] Постојат наоди кои наведуваат дека древните Ерменци ја обожавале природата и дека овој вид на верување се време се трансформирал во обожавање на националните божества, од кои повеќето водат потекло од соседните култури.
Создавање на ерменската митологија
уредиПантеонот на ерменските богови се формирал во текот на формирањето на ерменските племиња, на самиот почеток од нивното постоење, кои го наследиле основните елементи од паганството на праиндоевропските жители од Ерменската Висорамнина. Историчарите издвоиле голем број на зборови од праиндоевропските јазици што биле користени од страна на еременските пагани како свети. Првиот култ на обожавање е вид на необјаснива повисока сила или интелигенција наречена Ара, именувана по сонцето (Арев) што го обожувале древните Ерменци, кои себеси се нарекувале „деца на сонцето“. Од стари времиња, обожувањето на сонцето заземало посебно место во еременската митологија. Исто така, најчести форми на обожување кои имаат индоевропски корени, се култовите кон орелот, лавот и небото.
Со време, ерменскиот пантеон бил изменет, и се појавиле нови божества кои биле ерменски, но не и ариевски. Највисокиот бог во ерменскиот пантеон, Ванатур, подоцна бил сменет со Арамазд. Иако се појавил под влијание на зороастризмот (види Ахура Мазда), сепак делумно ги задржал традиционалните ерменски особини. Исто така, ерменската божица на плодноста, Нар, била заменета со Анаит.
За време на хеленизмот (од 3 век до 1 век п.н.е.), старите ерменски божества се поистоветувале со старогрчките божества: Арамазд со Зевс, Анаит со Артемида, Ваагн со Херкул, Астхик со Афродита, Нане со Атена, Мир со Хефест, Тир со Аполон.
По прифаќањето на христијанството во Ерменија, се пјавиле нови митолошки слики и приказни кои ги споиле древните митови и верувања. Библиските ликови ја презеле улогата на старите богови и духови. На пример, Јован Крстител ги наследил истите особини од божествата Ваагн и Тир, а архангел Габриел на Ваагн.
Основните информации за ерменската паганска традиција се зачувани во делата на Платон, Херодот, Ксенофонт и Страбон, потоа во византиската школа Прокопиј од Цезареа, како и во делата на средновековните ерменски писатели, меѓу кои се Мојсеј Хоренски, Агатангел, Езник од Колб, Себеј и Ананија Ширакаци, и се разбира во усната фолклорна традиција.
Пантеон
уредиПантеонот на претхристијанската Ерменија се менувал низ вековите. Иако во основа бил уратристички, пантеонот се менувал под семитско, иранско и грчко влијание.
Првобитни божества
уреди- Халди - Главниот бог на пантеонот во најраната фаза, кој е заменет со Ахура Мазда, станувајќи Арамазд. Формира тријада со своите синови Ардинис и Теишеба.[1]
- Ардинис - Бог на Сонцето, син на Халди, со кого формираат тријада.[1]
- Сарис - Probably a corruption of Ishtar.[1]
- Селарди - Божица на Месечината.[1]
- Теишеба - Бог на бурите, син на Халди, со кого формираат тријада.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 "Armenia (Vannic)" by A.H. Sayce, p.793-4; "Armenia (Zoroastrian)", by M(ardiros). H. Ananikian, p.794-802; in Encyclopædia of Religion and Ethics, ed. James Hastings, vol. 1, 1908
- ↑ Russell, James R. (15 December 1986). „ARMENIA AND IRAN iii. Armenian Religion“. Encyclopædia Iranica]]. Посетено на 3 July 2014. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help)