Арамазд — главен бог-создавач во претхристијанската ерменска митологија.[1][2] Богот и неговото име доаѓаат од зороастрискиот бог Ахура Мазда после мидиското освојување на Ерменија во VI век п.н.е.[3] Арамазд бил почитуван како бог на плодноста, дождот и изобилството, но и како татко на другите богови, вклучувајќи ги Анаит, Мир и Нане.[1][2] Исто како и Ахура Мазда, Арамазд бил сметан за татко на другите богови, ретко со сопруга, а понекогаш бил сопруг на Анаит или Спандарамет.[2]

Идентификација со други богови

уреди

Арамазд често се идентификувал со Зевс, и двајцата ги имале истите титули што се однесува до големина, храброст и сила. Во науката постојат несогласувања околу врската меѓу Арамазд, Аманор и Ванатур, но доказите цврсто водат кон тоа дека Ванатур била титула на главниот бог, и дека Арманор била вообичаена именка за Новата година, како и титула за богот кој бил славен на Нова година.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 "Aramazd" in Facts on File Encyclopedia of World Mythology and Legend, Third Edition, by Anthony Mercanante and James Dow, Infobase, 2009. p.96
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 "Armenia (Vannic)" by A.H. Sayce, p.793-4; "Armenia (Zoroastrian)", by M(ardiros). H. Ananikian, p.794-802; in Encyclopædia of Religion and Ethics, ed. James Hastings, vol. 1, 1908
  3. Leeming, David (2005). „Armenian Mythology“. The Oxford Companion to World Mythology]. Oxford University Press. стр. 29.