Ерих фон Деникен (германски: Erich von Däniken; р. Цофинген, Швајцарија, 14 април 1935 г.) — швајцарски писател, еден од најпознатите идеолози на палеоконтактната теорија. Тој е автор на голем број книги што зборуваат за влијанието на вонземјаните во раната историја на цивилизациите. Идеите претставени во неговите книги се отфрлени од речиси сите академски научници, кои ги класифицираат неговите дела како псевдоисториски, псевдоархеолошки и псевдонаучни.[1][2] На почетокот на неговата кариера бил осуден и одлежал казна под обвинение за измама или проневера, и ја напишал една од неговите книги во затвор.[3]

Ерих фон Деникен
Деникен во 2017 г.
Роден(а)Ерих Антон Паул фон Деникен
14 април 1935(1935-04-14)(89 г.)
Цофинген, Аргау, Швајцарија
Занимањеписател
Кривична казна3,5 години ~ 1.000 долари казна

Животопис

уреди

Рани години

уреди

Фон Даникен е роден во Цофинген, Швајцарија. Израснал во католичко семејство и го посетувал Меѓународното католичко училиште Сен Мишел во Фрибур. За време на неговото школување, тој се сомневал во учењето на црквата, но станал маѓепсан од астрономијата и феноменот на НЛО. На 19 години добил условна казна од четири месеци за кражба. Потоа го напуштил училиштето и работел како чирак кај швајцарски хотелски управител пред да отпатува до Египет. Во декември 1964 г., напишал статија со наслов „Дали нашите предци биле гласници од вселената?“ (Hatten unsere Vorfahren Besuch aus dem Weltraum?) за германско-канадско списание наречено Der Nordwesten. За време на неговиот престој во Египет бил вклучен во незаконска зделка за продажба на накит. По враќањето во Швајцарија, бил осуден за измама и проневера, при што добил казна од девет месеци.[4]

Дела

уреди

Книги

уреди

Разговори

уреди

Наводи

уреди
  1. Brian M. Fagan (2000). In the beginning: an introduction to archaeology (10th. изд.). Prentice-Hall. стр. 17–18. ISBN 978-0-13-030731-6. … Flamboyant pseudoarchaeology of the type espoused by von Däniken and Hancock will always appeal to people who are impatient …
  2. Charles E. Orser (2003). Race and practice in archaeological interpretation. University of Pennsylvania Press. стр. 73. ISBN 978-0-8122-3750-4.
  3. Richard Lingeman (1974-03-31). „Erich von Daniken's Genesis“. // New York Times. Архивирано од изворникот на 2014-04-07. Посетено на 2019-02-10. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)
  4. „Ерих Деникен“. biblioteka.msu.edu.mk. Посетено на 2024-06-26.

Надворешни врски

уреди