Ересели
Ересели или Ресели (грчки: Ποντοηράκλεια, Пондоираклија, до 1954 година Ερεσελή, Ερεσελίον, Ересели, Ереселион[2]) — село во Грција, општина Пајонија, област Централна Македонија со 812 жители (2001).
Ересели Ποντοηράκλεια | |
---|---|
Координати: 41°6.15′N 22°37.22′E / 41.10250° СГШ; 22.62033° ИГДКоординати: 41°6.15′N 22°37.22′E / 41.10250° СГШ; 22.62033° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукуш |
Општина | Пајонија |
Општ. единица | Ругуновец |
Надм. вис. | 19 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 812 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија уреди
Селото се наоѓа северно од градот Ругуновец (Поликастро), близу до границата со Република Македонија. Јужно од селото е сместено Арџанското Езеро, коешто денес е целосно пресушено.
Историја уреди
Во Отоманското Царство уреди
Во почетокот на XX век Ересели е турско село во гевгелиската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македония. Етнография и статистика“) во 1900 Ересели има 188 жители Турци.[3]
Во Грција уреди
После Втората балканска војна во 1913 година селото влегува во рамките на Грција. Населението се иселува во Турција и на негово место се населени понтски Грци, бегалци од Турција. Во 1928 година целото село е бегалско со 92 семејства и 333 жители бегалци.[4] Во 1954 година селото е преименувано во Пондоираклија, во превод Понтска Ираклија.
Наводи уреди
- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ερεσελίον -- Ποντοηράκλεια
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 151.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.