Еншепинг (шведски: Enköping) е град во Шведска, во источниот дел на државата. Градот се наоѓа во рамки на Упсалскиот округ, каде е втор град по големина и значење. Еншепинг истовремено е и седиште на истоимената општина.

Природни услови

уреди

Еншепинг се наоѓа во источниот дел на Шведска и на Скандинавскиот полуостров. Од главниот град на државата, Стокхолм, градот е оддалечен 80 километри северозападно.

Релјеф : Еншепинг се развил во областа Упланд. Подрачјето на градот е рамничарско до ридско, а надморската височина се движи од 10-30 м.

Климата во Еншепинг е континентална под влијание на морето и крајните ограноци на Голфската струја. Затоа, зимите се поблаги, а летата се посвежи во однос на дадена географска широчина.

Води: Еншепинг се развил во внатрешноста. Градот се развил на реката Еншепингсон, која непосредно јужно од градот се влева во езерото Меларен, трето по големина во Шведска.

Историја

уреди

Подрачјето на Еншепинг било населено уште од времето на праисторијата. Од 13 век тоа е регионален пазар без поголемо значење.

Еншепинг доживеал преродба во средината на 19 век со поминување на железницата и доаѓањето на индустријата. Населбата добила градски права во 1883 година. година. Оваа благосостојба трае и до ден-денес.

Жители

уреди

Еншепинг денес е град со средна големина за шведски услови. Градот има околу 21.000 жители (податок од 2010 г.), а градското подрачје т.е. истоимената општина има околу 40.000 жители (податок од 2010 г.). Последните децении бројот на жиели во градот расте.

До средината на 20. век Еншепинг бил населен исклучиво со етнички Швеѓани. Меѓутоа, со населувањето во Шведска, населението во градот станало поразновидно, но повторно помало отколку што е случај со другите поголеми градови во државата.

Стопанство

уреди

Денес, Еншепинг е современ индустриски град со посебно развиена индустрија. Во последните две децении особено се развиваат трговијата, услугите и туризмот.

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди