Ентерококи
Ентерококи (Enterococcus) е голем род на млечно-киселински бактерии кој припаѓа на коленото Firmicutes. Тие се Грам-позитивни коки кои често се јавуваат во парови (диплококи) или во облик на кратки ланци, па затоа морфолошки многу наликуваат на стрептококите.[4] Два вида се чести коменсали во цревната микрофлора на луѓето: E. faecalis (90–95%) и E. faecium (5–10%).
Физиологија и класификација
уредиЕнтерококите се факултативно анаеробни бактерии, односно, тие се способни за клеточна респирација во средина со или без кислород.[5] Иако не се способни за формирање ендоспори, тие се толерантни на разни екстремни услови: широк температурен опсег (10-45 °C), широк опсег на pH вредности (4.5–10.0), и високо ниво на салинитет.[6]
Ентерококите обично покажуваат алфа-хемолиза на крвен агар.[7]
Историја
уредиЧленовите на родот Enterococcus (од грчки έντερο, éntero, "црево" и κοκκος, coccos, "зрнце") долго време беа класифицирани како група D стрептококи; сè до 1984 година, кога геномските ДНК анализи не укажаа на фактот дека станува збор за посебен род.[8]
Еволуција
уредиОвој бактериски род се претпоставува дека еволуирал пред околу 425-500 милиони години.[9]
Патологија
уредиКлинички инфекции предизвикани од Enterococcus вклучуваат: инфекции на мочните патишта, бактериемија, бактериски ендокардит, дивертикулит, и менингит. Видовите кои се осетливи на антибиотици се третираат со: ампицилин, пеницилин и ванкомицин.[10] Мочните инфекции можат да бидат третирани со нитрофурантоин, дури и во случаи на ванкомицин-резистенција.[11]
Од медицинска гледна точка, важна одлика на овој род е високото ниво на интринзична антибиотска резистенција. Некои видови ентерококи се отпорни на β-лактамски антибиотици (пеницилини, цефалоспорини, карбапенеми), како и многу аминогликозиди. Во последните две децении, се развиле особено вирулентни соеви на Enterococcus, отпорни на ванкомицин (ванкомицин-отпорни ентерококи или VRE) посебно при нозокомијални инфекции на хоспитализирани пациенти. VRE може да се третираат со quinupristin/dalfopristin (Synercid) со стапка на излекување околу 70%.[12]
Ентерококниот менингит е ретка компликација при неврохируршки интервенции, при што третманот е со интравенозна или интратекална апликација на ванкомицин, со сè уште дискутабилен исход на овој тип на терапија.[13]
Новите епидемиолошки докази покажаа дека ентерококите се главен инфективен агенс кај хроничниот бактериски простатит. Ентерококите во простатата формираат биофилмови, поради што нивното искоренување е тешко.
Наводи
уреди- ↑ 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 1,15 1,16 1,17 1,18 1,19 1,20 1,21 1,22 1,23 1,24 1,25 1,26 1,27 1,28 1,29 1,30 1,31 1,32 1,33 1,34 1,35 1,36 1,37 1,38 1,39 1,40 1,41 1,42 1,43 1,44 1,45 1,46 1,47 1,48 1,49 1,50 Parte, A.C. „Enterococcus“. www.bacterio.net.
- ↑ LPSN bacterio.net
- ↑ LPSN entry for Enterococcus
- ↑ Gilmore MS; и др., уред. (2002). The Enterococci: Pathogenesis, Molecular Biology, and Antibiotic Resistance. Washington, D.C.: ASM Press. ISBN 978-1-55581-234-8.
- ↑ Fischetti VA, Novick RP, Ferretti JJ, Portnoy DA, Rood JI, уред. (2000). Gram-Positive Pathogens. ASM Press. ISBN 1-55581-166-3.
- ↑ „The ecology, epidemiology and virulence of Enterococcus“. Microbiology. 155 (Pt 6): 1749–57. June 2009. doi:10.1099/mic.0.026385-0. PMID 19383684.
- ↑ Ryan KJ, Ray CG, уред. (2004). Sherris Medical Microbiology (4. изд.). McGraw Hill. стр. 294–5. ISBN 0-8385-8529-9.
- ↑ „Transfer of Streptococcus faecalis and Streptococcus faecium to the genus Enterococcus nom. rev. as Enterococcus faecalis comb. nov. and Enterococcus faecium comb. nov“. Int. J. Sys. Bacteriol. 34: 31–34. 1984. doi:10.1099/00207713-34-1-31.
- ↑ Lebreton F, Manson AL, Saavedra JT, Straub TJ, Earl AM, Gilmore MS (2017) Tracing the Enterococci from Paleozoic origins to the hospital. Cell 169(5):849-861.e13. doi: 10.1016/j.cell.2017.04.027
- ↑ Pelletier LL Jr. (1996). „Microbiology of the Circulatory System“. Во Baron S; и др. (уред.). Baron's Medical Microbiology (4. изд.). Univ of Texas Medical Branch. ISBN 0-9631172-1-1.
- ↑ „Nitrofurantoin is active against vancomycin-resistant enterococci“. Antimicrob. Agents Chemother. 45 (1): 324–6. January 2001. doi:10.1128/AAC.45.1.324-326.2001. PMC 90284. PMID 11120989.
- ↑ „In vitro activity of linezolid & quinupristin/dalfopristin against Gram-positive cocci“. Indian J Med Res. 120 (6): 546–52. 2004. PMID 15654141.
- ↑ Guardado R; Asensi V; Torres JM; и др. (2006). „Post-surgical enterococcal meningitis: clinical and epidemiological study of 20 cases“. Scand. J. Infect. Dis. 38 (8): 584–8. doi:10.1080/00365540600606416. PMID 16857599.