Енергетика во Турција
Енергетиката во Турција — опфаќа производството, потрошувачка и увозот на енергетика и електрична енергија во Турција. Турција троши повеќе од 6 џули на примарна енергија годишно[1], преку 20 мегават часови по човек. 88% од енергијата е од фосилни горива[1], а енергетската политика на Турција вклучува намалување на увозот на фосилни горива, што е една четвртина од увозните трошоци[2]. Од 2016 година, емисиите на стакленички гасови од страна на Турција изнесуваале 6,3 тони годишно[3], повеќе од глобалниот просек[4].
Преглед
уредиОд 1990 година годишната потрошувачка на примарна енергија се зголемила речиси трикратно на 1700 TW/h во 2016 година; вклучувајќи и 31% нафта, 28% гас и 27% јаглен[5], и емисиите на CO2 од согорувањето на горивото се зголемиле од 130 мегатонни (Mt) до 340 Mt[6]. Речиси сите фосилни горива освен лигнитот (кафеав јаглен) се увезуваат. Турската енергетска политика има приоритет да го намали увозот.
Електричната енергија е генерирана главно од јаглен, гас (околу една третина) и хидро (околу една четвртина) со мала, но растечка количина од други обновливи извори како што се ветер и сончева енергија[7]. Атомската централа е во изградба.
Извори
уредиЈаглен
уредиТурција произведува големо количество лигнит, и речиси целиот се употребува во електраните[8], кои предизвикуваат големи количества на јаглерод диоксид со релативно ниско ниво на ефикасност. Владата субвенционира електрични централи на јаглен и покрај влијанието на индустријата за јаглен врз животната средина.
Гас
уредиГодишната побарувачка за гас изнесува 50 милијарди кубни метри[9], над 30 отсто од вкупната побарувачка на енергија во Турција, а половина од нив се снабдува од Русија[10]. Сите 81 провинции во Турција се снабдуваат со природен гас[11], кој обезбедува најголем дел од топлината[12].
Поголемиот дел од гасот од Русија доаѓа преку нафтоводот Син поток, но Турски поток се очекува да почне со работа во 2019 година. Иранскиот гас доаѓа преку нафтоводот Тебриз-Анкара. Азербејџан ја снабдува Турција преку Трансанатолскиот гасовод (за кој тврдат дека е најевтин што Турција го купува[13]) и гасоводот Јужен Кавказ. Ирак, исто така, може да снабдува со гас во иднина, преку Јужниот гасен коридор [14] и гас од источниот Медитеран исто така е можност[10].
Од 2019 година само мал дел од увозот на гас повторно се извезува во ЕУ. Сепак, Турција има за цел да стане трговски центар за гас[15] и да извезува повеќе[9]. Државниот БОТАШ контролира 80% од пазарот[16]. 91 mt CO2 се испуштиле од согорување на природен гас во 2015 година[17], но субвенциите за гасни електрани намалиле за во 2019 и 2020 година.
Нафта
уредиРечиси целата нафта се увезува: претежно од Ирак, Иран и Русија[18] и нафтата, исто така, транзитира од Азербејџан[19].
Јадрена енергија
уредиТурција нема оперативни јадрени реактори, но гради атомска централа и се очекува да биде заршена во 2023 година.
Обновлива енергија
уредиХидроелектричната енергија во Турција е најголемиот обновлив извор на електрична енергија, но сончевата енергија изгледа веројатно брзо да се зголеми. Моќта на ветерот во Турција е главно на запад. Геотермалната енергија во Турција се користи главно за греење.
Со масовно зголемување на производството на сончева енергија на југ и енергијата на ветерот на запад Турција би можела да ја исполни целата предложена побарувачка за енергија од обновливи извори од 2020 година[20].
Електрична енергија
уредиСекоја година во Турција се користи околу 300 TWh електрична енергија, што е речиси една петтина од износот на примарна енергија во Турција. Бидејќи секторот за електрична енергија во Турција согорува голем број на локален и увезен јаглен, најголем извор на емисии на стакленички гасови од страна на Турција е централите на јаглен во земјата, од кои многу се субвенционирани. Увозот на гас, главно за централи во Турција, е главниот увозен трошок за економијата на Турција. Сепак, сончевата енергија во Турција и ветерната енергија во Турција се зголемуваат и избалансираат со постојната хидроенергија на земјата.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 OECD (2019), section 1.
- ↑ „Turkey's energy import bill up 2.7 pct in Feb. 2019“. Anadolu. 29 March 2019.
- ↑ „Turkey's greenhouse gas emissions up 4.4% in 2016“. Anadolu.
- ↑ „Who emits more than their share of CO₂ emissions?“. Архивирано од изворникот на 2019-12-19. Посетено на 2019-04-19.
- ↑ „Total Primary Energy Supply (TPES) by source:Turkey“. IEA. Посетено на 24 October 2018.
- ↑ „CO2 emissions Turkey“. IEA. Посетено на 24 October 2018.
- ↑ „Electricity generation by fuel: Turkey“. IEA. Посетено на 24 October 2018.
- ↑ „Overview of coal in Turkey and environmental precautions“ (PDF). TKI. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-10-24. Посетено на 24 October 2018.
- ↑ 9,0 9,1 „From A Pipeline Nation To An Energy Trading Hub“. Архивирано од изворникот на 2018-10-26. Посетено на 26 October 2018.
- ↑ 10,0 10,1 „TURKSTREAM IMPACT ON TURKEY'S ECONOMY AND ENERGY SECURITY“ (PDF). "Istanbul Economics" & "The Center for Economics and Foreign Policy" - EDAM. Посетено на 26 October 2018.
- ↑ „Natural Gas Distribution“. Gazbir. Архивирано од изворникот на 2019-06-10. Посетено на 27 September 2018.
- ↑ „Turkey: Electricity and heat for 2016“. IEA. Посетено на 24 November 2018.
- ↑ „TANAP gas to provide cheapest among Turkey's imports“. Daily Sabah. 30 May 2018.
- ↑ „Azerbaijan offers Iraq access to Europe gas pipelines“. Agence France Presse.
- ↑ „EXIST To Open Spot Natural Gas Market At End Of Year“.
- ↑ „Turkish households consumed cheapest natural gas in Europe in 2017“. Daily Sabah. 12 August 2018.
- ↑ „CO2 emissions from fuel combustion“ (PDF). International Energy Agency. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-09-25. Посетено на 26 October 2018.
- ↑ „Turkey's crude oil imports from Iran down by more than 70 pct in June“. 19 August 2018.
- ↑ „Turkish energy sector hit by lira depreciation: MUFG research“. S & P Global. 7 August 2018.
- ↑ „How is 100% Renewable Energy Possible for Turkey by 2020?“ (PDF). Global Energy Network Institute.
Надворешни врски
уреди„Енергетика во Турција“ на Ризницата ? |