Емин Агаларов
Емин Агаларов (Эмин Араз оглы Агаларов) 12 декември 1979, Баку) е руски и азербејџански пејач и претприемач. Тој е потпретседател на компанијата Crocus Group.[1]
Емин Агаларов | |
---|---|
Натап на Емин за време на Евровизија 2012 во Баку, Азербејџан | |
Роден(а) | Эмин Араз оглы Агаларов 12 декември 1979 Баку, Азербејџан, СССР |
Алма матер | Колеџ Меримаунт, Таритаун |
Занимање | пејач, текстописец |
Активен период | 2005–и денеска |
Сопружник | Лејла Алиева (в. 2006; раз. 2015) Алена Гаврилова (в. 2018–20) |
Деца | 4 |
Страница emin-music.com |
Животопис
уредиРоден е на 12 декември во 1979 година во Баку. Во 1983 година, со родителите се преселил во Москва.
Од 1994 до 2001 година, живеел во САД. Работел како продавач на одделението за електронски уреди, а подоцна продавал обувки.
Претприемаштво
уредиЕмин е потпретседател на компанијата Crocus Group, една од најголемите компании за недвижности во Русија.
Тој е шеф на комерцијалните проекти:
- Трговински комплекс Крокус Сити Мол и концертната сала Крокус Сити Хол.
- Мрежа на трговински центари Vegas.
- Ресторани Nobu, Zafferano, Shore House, Едоко, Rose Bar, Forte Bello.
- Развој на недвижности Sea Breeze Resort (Азербејџан, Нардаран)
Музичка активност
уредиНа 22 април 2006 година го издал својот прв албум Still.
Следните три албуми Incredible, Obsession и Devotion биле пуштени во Русија 2007, 2008 и 2009 година. Албумите Wonder (2010) и After The Thunder (2012) биле издавани надвор од Русија.
Во септемвти 2011 година, Емин започнал соработка со европско музичко студио «EMI Music Germany». Во текот на овој период ги издал албумите Wonder и After The Thunder во соработка со продуценотот Брајан Роулинг. Во текот на првата недела од издавањето на албумот Wonder во Велика Британија бил продаден во 3.000 примероци. Синглот Obvious влегол во категорија на песна на неделата на BBC станицата «BBC Radio 2», «Magic FM» и «BBC Local Radio».
Во текот на Евровизија 2012 година тој се појавил како специјален гост и настапил со песната Never Enough.
На 28 мај во 2012 година, албумот After The Thunder доживеал интернационално издание во Русија Велика Британија, Ирска, Германија, Шведска, Австрија, Финска, Данска, Шпанија, Полска, Швајцарија, Норвешка, Чешка и Грција. Албумот бил направен со поддршка на продуцентот Брајан Роулинг.
На 23 септемрви, 2012 година бил гостин на концертот на Џенифер Лопес во Баку каде извел неколку композиции од својот албум After The Thunder како и песната на Муслим Магомајев Сина вечност.
Во 2013 година пеел на конкурсот Мис на Универзумот. Истата година Емин го издал својот прв албум на руски јазик под името На крајот. Во декември следната година го претставил својот втор албум на руски јазик Отворено. Во јули 2016 година Емин заедно со Сергеј Кожевњиков и Григориј Лепс организирал музички фестивал под името Жара на кој настапиле многу познати личности.
Во спотот на Емин In another life се појавил Доналд Трамп, кого Емин го поддржувал во текот на целата кампања.
Албуми
уреди- Still (2006)
- Incredible (2007)
- Obsession (2008)
- Devotion (2009)
- Wonder (2010)
- After the Thunder (2012)
- На краю (2013)
- Amor (2014)
- Начистоту (2014)
- More Amor (2015)
- 8 в падении (2015)
- Love Is a Deadly Game (2016)
Семејство
уреди- Татко - Араз Агалров, претседател на компанија Crocus group
- Мајка - Ирина Јосифовна Агаларова
- Помала сестра - Шејла Агаларова
- Бивша жена - Алијева Лејла Иљхам, ќерка на азербејџанскиот претседател Илхам Алијев. Се развеле на 30 мај 2015 година.
- Деца - Али и Микаил
Наводи
уреди- ↑ Quinn, Gerry (25. 1. 2018.). „Musician Emin is definitely not just in it for the money“. The Atlantic. Посетено на 25. 1. 2018.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help)
„Емин Агаларов“ на Ризницата ? |