Елмхулт
Елмхулт (швед. Älmhult) е гратче и административен центар на општината Елмхулт во округот Крунуберг, Шведска. Населението брои 8.518 жители (2005).[1]
Елмхулт Älmhult | ||
---|---|---|
IKEA во Елмхулт | ||
Координати: 56°33′N 14°08′E / 56.550° СГШ; 14.133° ИГД | ||
Земја | Шведска | |
Покраина | Смоланд | |
Округ | Крунуберг | |
Општина | Елмхулт | |
Површина[1] | ||
• Вкупна | 8,43 км2 (325 ми2) | |
Население (2005-12-31)[1] | ||
• Вкупно | 8,518 | |
• Густина | 1.010/км2 (2,600/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Стопанство
уредиВо Елмхулт е изградена првата продавница на IKEA. Фирмата и денес е присутна во местото со голем број на канцеларии.
Образование
уредиМестото има средно училиште и десетгодишно меѓународно училиште.
Знаменитости
уредиНедалеку од Елмхулт се наоѓа поседот Росхулт, кајшто е роден ботаничарот Карл Лине (1707-1778). Во гратчето има и голема стилизирана скулптура на столица која е воедно и негово обележје.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Површина на населените места, населеност и број на жители на км2 во 2000 и 2005 г.“ (xls). Централна статистичка служба. Посетено на 20 април 2009. (шведски)
Надворешни врски
уреди„Елмхулт“ на Ризницата ? |
- Портал на општината Елмхулт (шведски) (германски) (англиски)
Галерија
уреди-
Центарот на Елмхулт
-
Црквата во Елмхулт
-
Скулптура „Столица“
-
Железничката станица
Оваа географска статија за Шведска е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |