Елиезер Бен-Јехуда

Елиезер Бен-Јехуда (хебрејски: אליעזר בן־יהודה‎ изговор: /ɛli'ʕɛzeʁ bɛn jɛhu'da/; 7 јануари 1858 – 16 декември 1922) — еврејски лексикограф и уредник од Белорусија. Тој е централната личност при оживувањето на хебрејскиот јазик во современата ера.

Елиезер Бен-Јехуда.

Животопис

уреди
 
Бен-Јехуда со неговата сопруга Хемда, 1912
 
Грбот на Бен-Јехуда во Ерусалим.

Елиезер Бен-Јехуда е роден како Елизер Итцхак Перлман (јидиш אליעזר יצחק פערלמאן), во Лужки (белоруски Лужкі, полски Łużki), Гувернат Вилна во Руската Империја (денес Витебска област, Белорусија). Од тригодишна возраст учел Библија и јидиш, што било обичај меѓу Евреите во Источна Европа. До 12 годишна возраст тој прочитал голем дел од Тората, Мишната и Талмудот. Неговите родители се надевале дека тој ќе стане рабин и до го пратат на јешива. Таму тој продолжил да учи старогрчки и се сретнал со јидиш од периодот на просветата.[1] Подоцна тој научил француски, германски и руски. Преку читањето на весникот Ха Шахар, тој се запознал со идеите на ционизмот и заклучил дека оживувањето на хебрејскиот јазик во Израел би можело да ги обедини сите Евреи во светот.

По завршувањето тој отишол во Париз и учел во Сорбона. Меѓу останатите предмети, тој учел и историја и политика на Блискиот Исток. Тој поминал 4 години во Париз.

Во 1881 година, Бен-Јехуда отишол во Палестина, тогаш дел од Отоманското Царство, поточно во Ерусалим. Тој предавал во едно училиште.[2] Поттикнал од идеите за обнова и отфрлување на животниот стил на дијаспората, Бен-Јехуда си дал задача да развие јазик кој ќе го заменел јидиш и останатите регионални дијалекти како средство за секојдневна комуникација меѓу Евреите. За хебрејскиот и за ционизмот, тој рекол: „хебрејскиот јазик може да живее само ако ја оживееме нацијата и се вратиме во татковината“.[2]

Смрт

уреди

Во декември 1922 година Бен-Јехуда умрел на 64 годишна возраст поради туберкулоза. Тој е закопан во Маслиновата Гора во Ерусалим.[3] На неговиот погреб имало околу 30.000 луѓе.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Young Ben Yehuda“. Архивирано од изворникот на 2012-08-02. Посетено на 2014-04-18.
  2. 2,0 2,1 2,2 Balint, Benjamin. „Confessions of a polyglot“. Haaretz. Архивирано од изворникот на 2009-04-14. Посетено на 2014-04-18.
  3. „Mount of Olives - Jerusalem“. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2014-04-18.

Литература

уреди
  • Blau, Joshua (1981). "The Renaissance of Modern Hebrew and Modern Standard Arabic". Berkeley, California: University of California Press.
  • Fellman, Jack (1973). The revival of a classical tongue: Eliezer Ben Yehuda and the modern Hebrew language. The Hague, Netherlands: Mouton ISBN 90-279-2495-3
  • Robert William St. John. Tongue of the Prophets, Doubleday & Company, Inc. Garden City, New York, 1952. ISBN 0-8371-2631-2
  • Yosef Lang. The Life of Eliezer Ben Yehuda. Yad Yitzhak Ben Zvi, 2 volumes, (Hebrew)
  • Ilan Stavans, Resurrecting Hebrew (2008)

Надворешни врски

уреди