Едмон Франсоа Валентен Абу (француски: Edmond François Valentin About), (Диез, 14 февруари 1828Париз, 16 јануари 1885) – француски писател, новинар и уметнички критичар, член на Француската академија.

Едмон Абу
Edmond About
Портрет на Едмон Абу од Феликс-Анри Џакомети, (Музеј на ликовни уметности Стразбур)
Роден/а14 февруари 1828(1828-02-14)
Диез, Мозел, Франција
Починат/а16 јануари 1885(1885-01-16) (возр. 56)
Париз, Франција
Занимањеписател и критичар
Националностфранцуска
ПериодXIX век
Жанрроман, театар

Животопис

уреди

Едмон Франсоа Валентен Абу е роден на 14 февруари 1828 година во Диез[1]. Син на бакалин, почнал да учи во богословско училиште, потоа се запишува во гимназијата Шарлемањ, каде станува брилијантен ученик и на конкурсот ја добива почесната награда по филозофија. Во 1848 година влегува во „Екол нормал сипериор“ каде во 1851 година на изборниот испит по книжевност ја освојува првата награда.[2]

Во 1851 година е назначен за член на Француската школа во Атина и престојува две години во Грција во друштво со архитектот Шарл Гарнје и сликарот Пол-Алфред де Кирзон. Од 1867 до 1868 година престојува во Египет. Исто така учествува во инаугурациското патување на Ориент-експрес во 1883 година. Лут од претераноста на хеленофилството, тогаш во мода и обележан со мисхеленизмот на неговите учители во богословското училиште, од секое од своите патувања вади забележителни сатирични дела. „Современа Грција“ (La Grèce contemporaine) (1854) доживува голем успех акцентирајќи ја разликата меѓу грчкиот мит заснован на антиката и современата стварност. „Кралот на планините“ (Le Roi des montagnes) го исмева романтичниот мит на воинот-бандит, херој на грчката борба за независност. „Ле Фела“ (Le Fellah) опишува како еден египетски селанец одгледан во Европа станува личност во својата земја и на крајот се жени со Англичанка која е фасцинирана од егзотизмот. „Од Понтоаз до Стамбол“ (De Pontoise à Stamboul) е пародија на познатата „Итинерар од Париз до Ерусалим“ (Itinéraire de Paris à Jérusalem) од Франсоа-Рене де Шатобријан.

 
Карикатура од Андре Жил

Едмон Абу е исто така остар уметнички критичар, многу расположен да им се потсмева на авангардните сликари. Неговите критики за изложбите во 1855 и 1857 година, со сочна комична живост, особено ги напаѓаат претензиите на реализмот на Гистав Курбе и повикуваат на разум кон она што тој го смета како отворена дупка за анархијата во уметноста.

Благонаклонет кон Второто Царство, за што заработи потсмев од младиот Жорж Клемансо, и силно антиклерикален, тој се покажува како полемичар. Во 1871 година, тој се приклонува кон Третата Република и ја поддржува политиката на Адолф Тјер. Тогаш тој го формира весникот „XIX век“[3] и станува негов главен уредник.[4]. Во 1881 година, со семејството се сместува во замокот Груши во Они, во Вал-д’Оаз. На 7 март 1862 година тој е воведен во масонската ложа Сен-Жан од Ерусалим. Издава повеќе непријателски статии за високите масонски чинови во весникот „Ле сиекл“ (Le Siècle).[5].

За член на Француската академија е избран на 24 јануари 1884 година, а умира година дена подоцна, малку пред денот предвиден за негов прием, на возраст од педесет и шест години. Неговиот приемен говор веќе бил испечатен.

Едмон Абу е исто така автор на комедии, добро знае да ја ракува сатирата. Станува познат благодарение на своите новели со жив стил, јасен и концизен, и на своите романи кои евоцираат замислени ситуации, често инспирирани од научниот напредок.

Со Франсиск Сарсе и Анри Бауер, од 1880 година ја има една од првите вили во морското одморалиште Мало-ле-Бен, источно од Динкерк. Една авенија го носи неговото име.

На неговиот гроб во гробиштата Пер Лашез се наоѓа скулптура изработена од вајарот Гистав Крок за кого имал позитивни критики на изложбата од 1857 година.

Наводи и белешки

уреди
  1. Émile Bellier de La Chavignerie; Louis Auvray (1882). Bellier et Auvray (француски). 1. стр. 5.
  2. André Chervel. „Les agrégés de l'enseignement secondaire. Répertoire 1809-1950“. Ressources numériques en histoire de l'éducation..
  3. Numéros du XIX во Gallica, дигитална библиотека на Националната библиотека на Франција.
  4. Gallica Académie française
  5. Daniel Ligou, Dictionnaire de la Franc-maçonnerie, Presses universitaires de France, 3e éd., 1991,  . Погледајте и [1].

Надворешни врски

уреди