Ефтим Манев
- За други значења видете Ефтим Манев (појаснување)
Ефтим Манев (Кавадарци, 25 јануари 1931 - Скопје, 16 март 2010) — македонски поет и преведувач.[1]
Ефтим Манев | |
---|---|
Роден/а | 25 јануари 1931 Кавадарци, Македонија |
Починат/а | 16 март 2010 Скопје |
Занимање | Писател |
Животопис
уредиЕфтим Манев е роден во Кавадарци на 25 јануари 1931 година. Завршил средно образование. Потоа студирал славистика на Универзитетот во Скопје. Бил уредник во издавачката куќа „Македонска книга и на списанието Современост. Член на ДПМ од 1967 година. Автор е на стихозбирките: Моклишките ангели (1973), Ѕвездата на Витлеем (2000). Добитник на наградите: За превод - „Златно перо“, „Кирил Пејчиновиќ“, „Божидар Настев“, наградата на РКПЗ за најдобар превод на годината. Во 2006 е добитник на Повелбата „30 септември“, што традиционално се доделува на истакнат македонски книжевен преведувач за долгогодишна активност во оваа област[2]. Неговиот преведувачкиот опус е сочинет од над 80 прозни и поетски дела, од кои најмаркантно е ремек делото на руската и светска литература романот "Тивкиот Дон" од Михаил Шолохов. Починал на 16 март 2010 во Скопје[3].
Наводи
уреди- ↑ Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 148.
- ↑ „ДОДЕЛЕНИ КНИЖЕВНИ ПРЕВЕДУВАЧКИ НАГРАДИ Повелбата 30 септември за Евтим Манев“. Вечер. 5 септември 2006. Посетено на 2010-03-18.[мртва врска]
- ↑ Настеска, Ивана (17 март 2010). „Почина писателот Ефтим Манев“. makfax. Посетено на 2010-03-18.[мртва врска]
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |