Европеана (книга)
Европеана (чешки: Europeana) е белетристичко-есеистичка книга на чешкиот писател Патрик Оуржедник од 2005 година. На македонски јазик, книгата е објавена во 2016 година во издание на „Темплум“, како 113. книга во рамките на едицијата „Магма“. Преводот од чешки јазик е дело на Маргарета Карајанова.
Технички одлики
уредиКнигата е печатена во мал формат (17 сантиметри), во мек повез и има 142 страници. Книгата е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4658-55-9. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата „Кома“, а книгата е испечатена во печатницата „Пропоинт“, во тираж од 400 примероци. На предната корица е наоѓа слика од Louis Raemaekers, додека на задната корица е даден кус осврт врз книгата и попис на дел од објавените книги во едицијата „Магма“. Книгата е објавена со поддршка од Министерството за култура на Чешка Република.[1]
Содржина
уреди„Европеана“ претставува проза која е комбинација на белетристика и есеистика. Во неа, авторот на сериозно-комичен начин ја раскажува историјата на Европа од крајот на 19 век наваму. Притоа, тој зборува за Првата светска војна, Втората светска војна, за уметноста, социологијата, психологијата, за индустрискиот развој, за геноцидот, за расизмот, за потрошувачкото општество, за демократијата, за комунизмот и нацизмот итн.[1]
Критички осврт кон книгата
уредиКнигата се движи на границата меѓу белетристиката и есеистиката е провокативен обид да се спојат елементите на модерната и постмодерната.[2] „Европеана“ добила одлични критики во многу познати весници. На пример, „Chicago review“ ја оценил како „многу чудно историско дело и генијално уметничко дело“, додека „The Village Voice“ ја нарекол „трагикомична проза која прави поетите да плачат од завист, која прави сите да плачат.“ Најпосле, според „The New York Times Book Review“, книгата допира различни теми при што „немилосрдната монотонија станува неочекувано интересна, дури застрашувачка.“[1]