Евангелие според Марија

Евангелие според Марија
Дата 120180
Препишано непознато
Место непознато
Јазик
Ракопис Берлински кодекс
Аудиторија
Тематика Довербата која Исус и ја доверил на Марија

Евангелието на Марија се смета дека датира од истиот период кога било пишувано и она на Филип. Евангелието било откриено во 1896 година. Од него, недостасуваат шест страници од почетокот и четири од средината на евангелието.[1]

Оригинално било напишано на грчки, веројатно 2 век. Сочуван е во две фрагментарни верзии. Веројатно се состои од два дела кои првично биле различни документи. Во првиот дел се опишува дијалогот на вознесениот Христос и апостолите, се претставува во природата на материјата и гревот (што е космолошки, а не морален). Се објавува потвраток на се на своите корени. Марија Магдалена ги храбри учениците и им го открива тајното учење, врз основа на нејзиното видување и разговор со Исус. Визијата е поврзана со менталната визија на душата со која таа (душата) се воздига над четирите моќи (четирите природни стихии). Апостол Петар и Апостол Андреј, како претставници на главната струја на христијанството, го негираат учењето на Марија. Овој конфликт Марија – Петар (Андреј) е познат мотив на гностичките евангелија.

Името „Марија“ се појавува како „главен лик“ во Евангелието, но спорно е која е всушност Марија. Сепак, општо прифатливо е дека тоа припаѓа на Марија Магдалена. Во евангелието, Марија е претставена како еден од учениците на Исус, која го видела воскресението[2] и го опишува пред останатите ученици.

Петар ѝ рече на Марија, „Сестро, ние знаеме дека Спасителот ве сакаше вас повеќе од останатите жени. Кажи ни ги зборовите на Спасителот кои ти ги зборуваше тебе, а ние не ги знаевме и не ги слушнавме од него“. Марија одговори и рече: „Што било скриено од тебе, јас ќе го прокламирам пред тебе“. И почна да им зборува со овие зборови: „Јас, таа рече, го видов Господ во визија и му реков, Господе те видов тебе денес во визија.“[1]

За жал, понатамошната визија на Марија околу ова во Евангелието не е докажана бидејќи недостасуваат страници од истото. Марија потоа се соочува со Андреј и Петар, кои не ја поддржуваат во тоа што таа им го зборува, бидејќи таа била жена. Марија сепак била одбранета од Матеј со зборовите:

„Но, ако Спасителот ја направила подостојна, кој си ти да ја отфрлаш неа? Навистина Спасителот ја познаваше Марија најдобро. Од таа причина тој ја сакаше повеќе од нас“[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 De Boer, Esther A., The Gospel of Mary Listening to the Beloved Disciple. London: Continuum, 2006 (2005).
  2. Спореди со Јован 20:14-18.