Евангелие според Филип
Евангелие според Филип | |
---|---|
Дата | околу 180-350 |
Препишано | None |
Место | |
Јазик | |
Ракопис | Библиотека Наг Хамади |
Аудиторија | |
Тематика | Гностички свети тајни |
Евангелието според Филип кое датира од крајот на 2 век или почетокот на 3 век, е неканонизирано евангелие кое било пронајдено во 1945 година во Наг Хамади, односно во неговата библиотека.[1]
Овој текст одразува гностичко влијание, првенствено на валентиновото училиште. Содржи неколку наводи за Исус кои наликуваат на ранохристијански апокрифи. Препознатлив е интересот за тајните и нивната вистинска смисла. Во текстот не се опишуваа поредокот на тајните, но се укажува на крштевањето, миропомазувањето и евхаристијата (лебот и виното помешани со вода). Светотаинскиот интерес придонел за овој документ да се разбере како извадок од христијанската катихеза. Во текстот се забележливи силни елитистички белешки и истакнување на етички дуализам, со силен антисексуален акцент (постои силен антагонизам кон сексуалното општење и бракот), а егзистенцијалната болест на човештвото се определувал како резултат на диференцијацијата на половите. Одредени податоци укажуваат на сириско потекло.
Иако ова евангелие на прв поглед изгледа слично на Евангелието според Тома, тоа не содржи евангелски изреки, туку колекција од гностички учења или тајни, како на пример тајната на бракот, како една од главните теми на текстот. Текстот е најпознат по тоа што цитира дека Исус бил наводно оженет со Марија Магдалена. Иако тоа не е наведено во самиот документ, сепак таа е опишана како љубовница на Исус. На многу сличен начин како според Јован 19:25-26, Евангелието по Филип ја претставува Марија Магдалена како негов придружник:
Имаше три жени кои секогаш одеа со Господарот: Марија, неговата мајка, нејзината сестра и Марија Магдалена која ја сметаше како негов придружник. Сите три се викаа со исто име - Марија.[1]
Друга „иритација“ и наклонетост на љубов била укажана од страна на Исус кон Марија Магдалена (текстот е лошо фрагментиран, се смета дека текстовите во голема заграда биле додадени):
И придружникот на [спасителот беше Мар]ија Ма[гда]лена. [Христа ја сакаше] М[арија] повеќе од [сите] други уче[ници], и [често] ја бакнуваше на [устата]. Останатиот дел од [учениците беа навредени од тоа и тоа не го одобруваа]. Тие му рекоа на него: „Зошто ја сакаш повеќе од сите нас?“ Спасителот одговори и им рече: „Зошто, јас не ве сакам како неа?“[1]