Душан Радовиќ

(Пренасочено од Душко Радовиќ)

Душан „Душко“ Радовиќ (српски: Душан Радовић; Ниш, 29 ноември 1922Белград,16 август 1984) – српски поет, новинар, афорист и ТВ-уредник.

Душко Радовиќ
Душко Радовић
Бистата на Душко Радовиќ во Ниш
Роден/а29 ноември 1923(1923-11-29)
Ниш, Кралство на Србите, Хрватите и Словенците, денес Србија
Починат/а16 август 1984 (возраст: 61)
Белград, СФРЈ, денес Србија
Занимањепоет
новинар
афорист
ТВ-уредник
Жанрпоезија

Животопис

уреди

Роден е во Ниш од татко Углеша кој бил машиновозач по потекло од Чачак, а мајка му Софија родена Стефановиќ, била од Ниш.

Бил главен уредник на „Пионерски новини“, уредник на програмата за деца на Радио Белград, уредник на програмата за деца на Телевизија Белград, уредник на весникот „Полетарец“, новинар на „Борба“ и од 1975 година, уредник на Студио Б. Во Белград долга низа години се одржува атлетската трка „Сеќавање на Душко Радовиќ“. Брат му на Душко е познатиот атлетски тренер Бранимир „Брана“ Радовиќ.

Умрел на 16 август 1984 година во Белград. Негов син е Милош Радовиќ.

На најшироката публика И е познат по афоризмите со кои ги будел белграѓаните на брановите на Радио „Студио Б“, кои подоцна се објавени во три книги „Белграде добро утро“. Бил голем љубител на фудбалот и навивач на ФК Партизан.

Некои од неговите песни станале хитови за деца во изведба на детскиот хор „Колибри“:

  • Мрак (српски: Мрак)
  • Синиот зајак (српски: Плави зец)
  • Страшен лав (српски: Страшан лав)
  • Што е на крајот (српски: Шта је на крају)
  • Песна за млекото (српски: Песма о млеку)
  • Татиниот музичар (српски: Татин музичар)
  • Здравица (Сè што расте би сакало да расте...) (српски: Здравица (Све што расте хтело би да расте...))

Попознати дела

уреди
  • Капетанот Џон Пиплфокс (1953), радиодрама (српски: Капетан Џон Пиплфокс)
  • Почитувани деца (1954), песни (српски: Попштовано децо)
  • Смешни зборови (1961), песни (српски: Смешне речи)
  • Прикаска ти скажувам (1963), песни и приказни (српски: Причам ти причу)
  • Че, трагедија која трае (1969 со Матија Беќковиќ), поема (српски: Че, трагедија која траје)
  • Вуковата азбука (1971), песни
  • Зоолошка градина (1972), песни
  • Белграде, добро утро 1 (1977) (српски: Београде, добро јутро 1)
  • Белграде, добро утро 2 (1981) (српски: Београде, добро јутро 2)
  • Понеделник, Вторник, Среда, Четврток (1983) поезија и проза за деца во четири книги (српски: Понедељак, Уторак, Сред, Четвртак)
  • Белграде, добро утро 3 (1984) (српски: Београде, добро јутро 3)

Неговите дела се преведени на повеќето значајни светски јазици.

Награди

уреди

Радовиќ е добитник на најугледните српски награди:

  • Невен
  • Младо поколение
  • Награда на Змаевите детски игри
  • Награда на Стерииното позорје
  • Седмојулска награда

како и диплома на Меѓународната организација за детска книжевност Ханс Кристијан Андерсен.

Познати афоризми

уреди
  • Родители, тепајте ги вашите деца штом видите дека личат на вас.
  • Тешко е да се биде дете и да се биде добар.
  • Ако ги решите сите проблеми на своите деца, тие нема да имаат други проблеми освен вас.
  • Да се имаат пријатели, тоа значи да се согласи дека има поубави, попаметни и подобри од вас. Кој не може да го прифати тоа, нема пријатели.
  • Кога некој нема што да каже за тоа што е, најчесто зборува што не е. Не е глуп, не цицал весла, не е мачкина кашлица, не е наивен, не чувал овци...

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди