Душан Љубисављевиќ

Душан Љубисављевиќ - Дуле (Штип, 29 мај 1974Скопје, 23 септември 2013) — македонски пејач, најпознат како член на дуото Дуле и Коки.

Душан Љубисављевиќ
Роден 29 мај 1974
Штип, Македонија Македонија
Починал 23 септември 2013
Скопје, Македонија Македонија
Занимање пејач

Животопис

уреди

Љубисављевиќ е роден во Штип на 29 мај 1974 година. Кариерата ја започнал заедно со неговиот другар Никола Јанков во 90-тите години на XX век во штипските кафулиња како тинејџер. По завршувањето на средното образование се преселил во Скопје, со цел повеќе да се афирмира. На јавноста и станува најпознат во 1996 година кога како дел од дуото „Дуле и Коки“ со песната „Виолина и гитара“ победува на „Макфест“. Автори на нумерата, која станала еден од најубавите македонски евергрини, се Александар Митевски (музика и текст) и Валентино Скендеровски.[1] Заедно со Коки во својот репертоар имал над 50 композиции, а неколку од нив, како на пример Виолина и гитара, Мене место не ме фака, Марама, Дај ми шанса и други се сметаат за евергрини. Последните месеци пред смртта Дуле бил ангажиран со својот ресторан Доменика, паралелно работејќи на песните кои требало да се најдат на новиот албум на Дуле и Коки.[2] Починал на 23 септември 2013 година во Скопје.[3]

Наводи

уреди
  1. ДУЛЕ ИМ ГИ РЕШАВАШЕ ПРОБЛЕМИТЕ НА СИТЕ ОКОЛУ СЕБЕ И НЕ СЕ ШТЕДЕШЕ. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2013-09-24.
  2. Почина Душан Љубисављевиќ од дуото Дуле и Коки. Архивирано од изворникот на 2013-09-26. Посетено на 2013-09-24.
  3. Почина Душан Љубисављевиќ- пејачот од дуото „Дуле и Коки". Архивирано од изворникот на 2013-09-26. Посетено на 2013-09-24.

Надворешни врски

уреди