Државни награди на Македонија

Државните награди во Република Македонија се доделуваат на кои се оддава општествено признание за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на стопанството, науката, уметноста, воспитанието и образованието, културата, техничката култура, спортот, здравствената, социјалната и хуманитарната дејност, заштитата на човековата околина, публицистиката и новинарството.

Според Законот за државните награди на Република Македонија[1] наградите се доделуваат на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. Наградите, под услови определени со овој закон, можат да се доделат и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство.

Награди уреди

Во Република Македонија се доделуваат следниве државни награди: „11 Октомври“, „Св. Климент Охридски“, „Гоце Делчев“, „Мито Хаџи Василев Јасмин“ и „Мајка Тереза“.

Награда „11 Октомври“ уреди

Co наградата "11 Октомври" се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес. Во една година можат да се доделат најмногу до пет награди. Се доделува на Денот на востанието на македонскиот народ на 11 октомври.

Награда „23 Октомври“ уреди

Co наградата "23 Октомври" се дава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Македонија. Во една година можат да се доделат најмногу на пет лица. Се доделува на Денот на македонската револуционерна борба на 23 октомври.

Награда „Св. Климент Охридски“ уреди

Co наградата "Св. Климент Охридски" се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност. Во една година можат да се доделат најмногу до пет награди. Се доделува на 8 декември - денот на Св. Климент Охридски

Награда „Гоце Делчев“ уреди

Co наградата "Гоце Делчев" се оддава признание за остварувања во областа на науката. Во една година можат да се доделат најмногу до три награди. Се доделува на 4 мај - денот на смртта на Гоце Делчев.

Награда „Мајка Тереза“ уреди

Co наградата "Мајка Тереза" се оддава признание за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери. Во една година можат да се доделат најмногу до две награди. Се доделува на 26 август - денот на раѓањето на Мајка Тереза.

Награда „Мито Хаџи Василев Јасмин“ уреди

Co наградата „Мито Хаџи Василев Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството. Во една година можат да се доделат најмногу до две награди. Се доделува на 21 декември — денот на раѓањето на Мито Хаџи Василев Јасмин

Поврзано уреди

Наводи уреди