Дренско Езеро
Дренско Езеро — вештачко езеро во близина на демиркапиското село Дрен, Македонија. Езерото влегува во групата на изградени акумулации.[1]
Дренско Езеро | |
---|---|
Поглед на Дренското Езеро | |
Координати | |
Вид | вештачко |
Главни приливи | Дренска Река |
Главни истеци | Дренска Река |
Сливни земји | Македонија |
Зафатнина | 76.000 м3 км3 |
Браната на езерото е подигната на Дренска Река.
Местоположба
уредиАкумулацијата се наоѓа шест километри јужно од градот Демир Капија, во непосредна близина на Дрен. Од самото село е оддалечена 800 метри во југоисточна насока.[2]
Браната е подигната на Дренска Река, која е притока на Дошница.[2]
Опис
уредиБрана
уредиБраната претставувала хомогена земјена брана без придружни објекти, но по нејзиното обновување била заменета со каменонасипна брана и бил изграден преливен објект.[2]
Историја
уредиБраната на езерото била подигната во 2000 година со средства на мештаните и донација од Грција.[3]
Браната се срушила на 19 ноември 2004 година поради поројните дождови, кои ја зафатиле областа. По уривањето се изгубиле големи количества крап, со кој било порибено езерото.
Во 2016 година, браната на езерото била обновена.
Употреба
уредиЕзерото главно се користи за наводнување на земјоделските површини во околината на селата Дрен и Чифлик, но и за спортско-рекреативни цели.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Група автори (2016). „Езера во Македонија“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 28. ISBN 978-9989-110-90-0.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „1 Вовед“. webcache.googleusercontent.com. Архивирано од изворникот на 2017-10-17. Посетено на 2021-09-05.
- ↑ „Архива“. time.mk. Посетено на 2021-09-05.
Надворешни врски
уреди- Дренско Езеро на Ризницата ?