Драгутин Насковски

Драгутин Стојанов Насковски ( 1915 во Зубовце, Кумановско20 октомври 1944 во Шишево, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Произлегува од сиромашно семејство. Уште како дете бил принуден да чува овци и крупен добиток. Потоа работел во кумановската мелница, а подоцна и како рудар во Радуша. По отслужувањето на воениот рок во бугарската фашистичка војска и капитулацијата на Бугарија, стапил во Третата македонска ударна бригада. Бил учесник во нејзините борби против Германците и албанските балистичките банди. Една од најтешките негови борби била водена на 20 октомври 1944 година против балистите и Германците кај селото Шишево. Во оваа борба храбро загинал, заедно со неговиот соборец Коле Младеновски.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 222. На |first= му недостасува |last= (help)