Драгољуб Ѓуричиќ (српски: Драгољуб Ђуричић; Цетиње, 10 февруари 1953 - Белград, 15 март 2021) — српски рок-музичар со црногорско потекло.

Животопис

уреди

Драгољуб Ѓуричиќ е роден на 10 февруари 1953 во Цетиње, Црна Гора. Во 1975 година, од Херцег Нови се преселил во Белград, каде живеел до смртта. Во текот на 1990-тите, Ѓуричиќ бил активен учесник на политичките протести против режимот на Слободан Милошевиќ. Во февруари 2021 година, Ѓуричиќ се зарзил од вирусот КОВИД-19. Откако повеќе денови бил во лоша здравствена состојба и имал висока температура, на 24 февруари бил пренесен во белградската болница „Д-р Драгиша Мишовиќ“, каде починал на 15 март 2021 година.[1]

Музичка кариера

уреди

Ѓуричиќ ја започнал својата музичка кариера на околу 20 години, кога ги основал групите „The End“ и „Круне“ и „Веритас“. Во 1975 година, по преселбата во Белград, ѝ се приклучил на групата „Ribelli“ со која свирел на концертите на повеќе познати музичари, како: Душан Прелевиќ, Кемал Монтено, Арсен Дедиќ итн. Потоа ѝ се придружила на групата „Mama Coco“ која ја предводел Дадо Топиќ и со неа свирел на турнејата на Здравко Чолиќ, „Патувачки земјотрес“ во 1978. година. Кон крајот на 1970-тите станал член на „Ју група“ во која свирел две години, а потоа ѝ се приклучил на групата „Леб и сол“ каде останал шест години. Потоа бил член на „Кербер“, а по три години повторно се вратил во „Леб и сол“. Од 1997. година го предводел постојаниот придружен оркестар на Здравко Чолиќ. Во текот на својата кариера, Ѓуричиќ учествувал на снимањето на околу 70 музички албуми и настапил на околу 6 000 концерти, како член на неколку рок-групи или како придружен музичар.[1]

Наводи

уреди