Драган Шутевски ( 1920 во Куманово20 октомври 1944 во Треска, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Драган Шутевски
Роден 1920 година
Куманово, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 20 октомври, 1944 година
Треска, Скопје, Македонија

Животопис

уреди

Потекнувал од трговско семејство. Завршил основно образование, а потоа продолжил да учи во средно училиште. Уште од првите денови по окупацијата на земјата, се вклучил во народноослободителното движење. Во 1942 година бил примен за член на СКОЈ и учествувал во бројни акции против окупаторот. Извршувал разни поверливи курирски задачи на Треттата македонска ударна бригада, а 1944 година бил примен и за член на КПЈ. Неговата активност била откриена од окупаторската бугарска фашистичка полиција, поради што бил затворен и осуден на 20 години строг темничен затвор. Казната ја издржувал од април до 28 август 1944 година, кога заедно со други политички затвореници од затворот Идризово, бил ослободен од Треттата македонска ударна бригада. По ослободувањето од затворот, стапил во борбените редови на Треттата македонска ударна бригада и учествувал во сите натамошни борби на бригадата против непријателот. Во борбите се истакнал како храбар борец. На 20 октомври 1944 година храбро загинал во една крвава борба против балистите и Германците на реката Треска.[1]

Наводи

уреди
  1. Отиди кај: 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 286. На |first= му недостасува |last= (help)