Драган Шопкин

(Пренасочено од Драган Шопкиќ)

Драган Перов Шопкин ( 1923 во Бањане, Скопско1945 во Бањане, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Спомен-плоча од НОБ во Бањани, на која се наоѓа името на Драган Шопкин

Животопис

уреди

Потекнувал од сиромашно семејство. Основно училиште завршил во селото, а потоа се занимавал со земјоделство, а времено и со чување на добиток. По ослободувањето на Скопје стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Со неа заминал на Косово за дефинитивното ликвидирање и разоружување на балистичките банди. Од Косово заминал во Војводина, каде учествувал во пробивот на Сремскиот фронт. Од воените напори се разболел, по што бил испратен на домашно лекување. Починал во Бањане во 1945 година, од последиците на болеста.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 164. На |first= му недостасува |last= (help)