Драган Б. Костиќ — македонски музички новинар.

Драган Б. Костиќ ја започнал својата кариера во Македонското радио. Тој е најпознат како водител на радио-емисиите "Диско селектор" и "Заборави ако можеш". Емисијата "Диско селектор" започнала да се емитува на 29 јуни 1974 година, додека во 1991 година започнало емитувањето на "Заборави ако можеш". На 31 октомври 2013 година, оваа емисија го доживеало 4 500 издание. Во јуни 2004 година, по повод 30-годишнината на емисијата "Диско селектор", Драган Б. Костиќ организирал голема забава, одржана на лизгалиштето во Скопје, при што биле продадени 6 500 влезници. Исто така, тој е автор и на неколку други радио-проекти, како што се: "Радиоурнебес", "Пријатели, добар ден", квизот "Јас ли сум на ред" итн. Најпосле, тој е познат и како страсен колекционер на музика, поседувајќи огромна колекција од над еден милион аудио записи.[1]

Наводи

уреди
  1. Андријана Андова, "Немам автомобил, пари трошам за книги и музика", Антена, бр. 802, 8.11.2013, стр. 8-9.