Драган Ѓокановиќ (српски: Драган Ђокановић или Dragan Đokanović, роден на 20 април 1958 во Сараево) — српски политичар од БиХ. Тој е претседател на Демократската партија на федералисти.[1] Ѓокановиќ бил министер во Република Српска и бил советник во Претседателството на Република Српска.[2] Тој по професија е доктор по медицина - педијатар. Завршил медицински факултет во Сараево.

Драган Ѓокановиќ

Животопис

уреди

Основно училиште,гимназија и медицински факултет завршува во Сараево. Специјализира и магистрира исто така во Сараево на одделот за педијартија[3] во областа на Клиничка и социјална медицина со организација на здравствена заштита.

Други афинитети и способности во областа на спортот

уреди

Драган Ѓокановиќ е исто така и гимнастичар .Добар дел од својот живот му го посветува на спортот. Тренира во спортските клубови во Сараево и во Унгарија. Повеќекратен победник е на јуниорските и сениорските првенства во гимнастика на Босна и Херцеговина. Бил младински првак на Југославија на државното првенство во разбој во 1975 во Ново Место.За младинската репрезентација на Југославија настапил во 1976 година во Ферм(Италија) на двобојот помеѓу репрезентациите на Југославија и Италија. Во сениорска конкуренција во Трбовлје на купот на Југославија, Ѓокановиќ завршува како второпласиран во севкупен пласман,а во посебни категории освоил уште четири медаљи. Истата таа година настапува и на меѓународниот турнир „Златни песоци„ во ВарнаБугарија. Драган Ѓокановиќ 1981 година е прогласен за најдобар спортист на Босна и Херцеговина[2]. Во Сараево основан е гимнастички клуб кој го носи неговото име[4][5].

Политичка ангажираност

уреди

Драган Ѓокановиќ на 02.05.1990 ја основа Демократската партија на федералистите со цел зачувување на рамноправноста на трите народи кои живеат на територијата на БиХ како и рамноправност на местото на БиХ како република во рамките на Југославија[6]. Исто така една од целите на оваа парија е и афирмацијата на европските идеи[7]. Со демократскиот федерализам како модел на државно уредување на повеќенационалсните држави и како главна програмска одредница на партијата Ѓокановиќ се запознава во Берн (Швајцарија) каде престојува извесно време. Демократската партија на федералистите е прв учесник на повеќепартиските парламентарни избори во БиХ како и учесник на изборите на ОБСЕ во 1996 година. Драган Ѓокановиќ е еден од потписниците на Декларацијата за прогласување на посебна република на српскиот народ Во Босна и Херцеговина,некогашна Српска република Босна и Херцеговина[7]. Во 1993 година го формира Министерството за прашања на борци,воени инвалиди и цивилни жртви на војната во Владата на Република Српска.Во текот на војната во Босна и Херцеговина на во Народното собрание на Република Српска го отвора прашањето за воените злосторства и геноцидот[8] извршен на тие простори. За тоа подоцна ќе даде и свои сведоштва пред Хашкиот трибунал во периодот од 14 до 18 март 2005 година[9][10] и во ноември 2009 година[11][12][13]. Визијата на партијата за србите основана 2003 година со истото име Демократска партија на федералистите од страна на Ѓокановиќ е влез во Европската унија на целокупниот српски народ[14] .

Кандидатури

уреди

Во 1996 година Драган Ѓокановиќ се кандидира за Претседател на Република Српска како противник на владеењето на Радован Караџиќ[15]. Во 1992 Ѓокановиќ е првоименуван советник на Претседателството на Република Српска, БиХ и на Радован Караџиќ а идеите на Ѓокановиќ и самиот Ќараџиќ [7] ги поддржува во 1991. Втората кандидатура за претседател на Република Српска е во 2007 година [16] против власта на Милорад Додик.

Наводи

уреди
  1. derStandard.at
  2. 2,0 2,1 Официјално мрежно место на Претседател на Демократската партија федералиста, Драган Ѓокановиќ
  3. KCUS
  4. Гимнастички клуб "Драган Ѓокановиќ", Сараево
  5. Dragan Đokanović:"Obnovićemo gimnastiku u BiH!", video zapis
  6. „Демократската партија федералиста, Официјално мрежно место“. Архивирано од изворникот на 2010-06-06. Посетено на 2009-09-19.
  7. 7,0 7,1 7,2 http://www.dragandjokanovic.com/
  8. „BH DANI“. Архивирано од изворникот 2012-06-12. Посетено на 2012-06-12.
  9. Svjedočenje u Hagu[мртва врска]
  10. ICTY
  11. Dragan Đokanović: "Mogu vas optužiti za genocid", video zapis
  12. Sense-agency, novembar 2009.[мртва врска]
  13. „DEUTSCHE WELLE, DW-WORLD.de(23.11.2009.)“. Архивирано од изворникот 2013-01-21. Посетено на 2013-01-21.
  14. Ministarstvo za lokalnu upravu i samoupravu Srbije, Registar političkih organizacija[мртва врска]
  15. Čovjek koji se suprotstavio Karadžiću[мртва врска]
  16. Официјално мрежно место на Драган Ѓокановиќ/

Надворешни врски

уреди