Дочо Михајлов (бугарски: Дочо Михайлов; Бабук, Силистранско, 29 октомври 1895 - Никола Козлево, Силистранско, 26 август 1926) — бугарски револуционер и политички деец, еден од раководителите на Внатрешната Добруџанска Револуционерна Организација.

Дочо Михајлов
Дочо Михайлов
Роден 29 октомври 1895
Бабук, Силистренска област, Бугарија
Починал 26 август 1926
Никола Козлево, Силистренска област, Бугарија

Животопис

уреди

Тој е роден на 29 октомври 1985 г. во с. Бабук, Силистренско. Станува член на Бугарската Комунистичка Партија и влегува во раководството на Внатрешната Добруџанска Револуционерна Организација како херој на идејата за формирање на советска република во Добруџа.

Од партијата гледаат дека ВДРО претставува добра воена сила и решаваат внатрешно да ја преземат. Дочо Михајлов се согласува да влезе во добруџанската организација кога разбира колку големи суми обеќа Москва за остварување на идејата. Заедно со Врбан Петров добиваат 200 илјади лева за да изградат комунистички групи во ВДРО и да ја натераат да работи во полза на Москва а против Бугарија. Во 1925 г. се одкриени и осудени на затвор во Бугарија. Ги признава своите акции и предава сè што знае.

Во септември истата година Дочо Михајлов заедно со Петар Вичев, Врбан Петров, Ѓорги Кроснев, Петар Нејчев, Ѓорги Стефанов и Димитар Ганев ја создаваат Добруџанската Револуционерна Организација (ДРО) во Виена, Австрија со помош од Москва. Бугарската влада презема мерки да ја расформира револуционерната дејност на организацијата по инцидент во Старо село, Силистранско, каде што се убиени десетина бугари од романската жандармерија.

Тој е убиен од бугарските власти со помошта на Никола Ќемлиев, од кој пред тоа се добиени докази. Споменик за Дочо Михајлов е издигнат во централниот плоштад на Силистра, а во неговото родно село Бабук има куќа-музеј.