Досе Смилевски
Досе Лазов Смилевски ( 1922 во Дивље, Скопско — 16 април 1945 во Банова Јаруга, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од селско сиромашно семејство. Уште од рана младост бил принуден да се занимава со земјоделски работи. Во септември 1944 година како кадровец во бугарската фашистичка војска успеал да дезертира ѝ да се префрли во една партизанска единица кај Ѓуришки манастир. Потоа учествувал во ослободувањето на Скопје, па во расчистувањето на некои делови во Србија од преостанатите балистички банди. Подоцна заминал во Земун, каде се подготвувал за нови борби на Сремскиот фронт и целосното ослободување на Југославија. Учествувал во повеќе борби против окупаторот. Во една од тие битки на 16 април 1945 година, загинал кај Банова Japyгa, како водник на Југословенската армија.[1]