Долно Село (Костурско)
поранешно село во Костурско, Егејска Македонија
Долно Село — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Костур во областа Западна Македонија, Грција.[1]
Долно Село | |
---|---|
Координати: 40°37.00′N 21°14.00′E / 40.61667° СГШ; 21.23333° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски |
Општина | Костур |
Општ. единица | Вич |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало во непосредна близина на селото Черешница, денес во атарот на тоа село.[1]
Историја
уредиДолно Село било напуштено од жителите кои барале поповолни услови за живот, и така ја основале Черешница. Старата месност сè уште се нарекува Долно Село.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 17, 46. ISBN 9989-9819-6-5.