Дмитар Немањиќ
Дмитар бил српски жупан, син на Вукан, внук на Стефан Немања. Како монах Давид станал светител во Српската православна црква.
За него има малку податоци и ретко се споменува во изворите. Се знае дека во април 1271 испратил молба до византискиот император Михаил VIII Палеолог да ја потврди припадноста на некој посед на реката Струма на манастирот Хиландар. После тоа се замонашил и го зел името Давид. Во август 1281 ангажирал ѕидари од Дубровник за изградба на црквата Давидовица кај Бродарево на реката Лим. Се споменува и во 1286 кога патувал во Ерусалим. Се празнува на 24 септември (7 октомври по нов каледнар) во Српската православна црква.